verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од недоразбирање до манипулација

on 15 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

sdgret

[Рецензии: КАДЕ БЕ СО ТОЈ ПАМЕТ: Рада се појави на парада, и им порача на мртовците „Немојте не станувајте, седете!“]

 

 

Коментаторски, навредлив и обвинувачки текст без докази. Станува збор за најобично недоразбирање од кое во написот се прави манипулација и пропаганда.

Написот (кој е преземен од друг медиум, но тоа не е соодветно атрибуирано) е полн со лични навреди кон заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Текстот, освен навредите, изнесува и неколку обвиненија за кои нема соодветна потврда или доказ дека се вистинити.

КАДЕ БЕ СО ТОЈ ПАМЕТ Рада се појави на парада и им порача на мртовците „Немојте не станувајте седете “ iNFOMAX.mkЛинк до оригиналниот напис: КАДЕ БЕ СО ТОЈ ПАМЕТ: Рада се појави на парада, и им порача на мртовците „Немојте не станувајте, седете!“

Датум и време на објавување: 11.08.2016

Датум на рецензирање: 13.08.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

НАВРЕДЛИВ И ОБВИНУВАЧКИ ТЕКСТ

„…Рада, овој пат без Прада, наиде на уплакана жена, која жалеќи се за тоа што и се случило, почна да го оплакува и изговара името на својот починат сопруг: ’…Чичко ти Столе да стане, да види..’! На што, Шеќеринска утешително и рече: ’Немојте да станувате! …Нека седи’“

Ниту од видеозаписот што е прикачен во текстот, ниту на кој било начин може да се потврди дека навистина станува збор за починат сопруг. Жената прикажана во видеозаписот не го вели тоа, а текстот не нуди ниту една друга потврда дека жената мисли на својот покоен споруг.

Но, и да станува збор за починат сопруг, тоа никој, па ни Шекеринска не може да го знае, затоа што жената не го кажува. Од видеозаписот јасно се гледа дека станува збор за недоразбирање и дека Шекеринска мисли дека жената зборува за сопругот кој се наоѓа внатре во куќата, а не дека станува збор за мртов човек.

Освен тоа, написот обвинува дека членовите на СДСМ во поплавените подрачја одат кај однаред договорени луѓе, но тоа не го поткрепува со доказ. Нема изјава од ниеден жител дека навистина се прави партиска селекција ниту, пак, доказ дека посетените жители навистина се симпатизери на СДСМ.

Потоа текстот вели „една од настраданите убаво им кажа дека се си имаат и не им треба ништо од нив…“.

Ова јавноста треба да го поверува „на слепо“. Нема видеоснимка да го потврди изнесеното ниту, пак, изјава од настраданиот кој, наводно, го кажал тоа. Вака напишано, личи на измислено и невистинито.

Текстот обвинува дека претставниците на СДСМ не помагале туку се шетале како „визитарки“ од куќа на куќа. Ова, исто така, треба да биде поверувано „на слепо“ бидејќи нема соодветна потврда дека е точно.

Овој коментаторски текст користи сензационализам и пропаганда во известување од несреќата што го погоди Скопје пред една недела. Како таков, тој прекршува повеќе членови на Новинарскиот кодекс.

8. Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

13. Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

16. Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови