Од кога амбасадорот Бејли му е „портпарол“ на Заев?!
Објавено во Рецензии
on 7 - 03 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: Господине Бејли, ќе дојде ли Заев на суд или пак има средба со некој амбасадор?]
Сензационалистички наслов и наднаслов во кои се споменува американскиот амбасадор, Џес Бејли, кому е упатено прашање во врска со агендата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Но, името на амбасадорот понатаму во текстот „волшебно“ исчезнува.
Линк до оригиналниот напис: Господине Бејли, ќе дојде ли Заев на суд или пак има средба со некој амбасадор?
Датум и време на објавување: 02.03.2016, 23:56
Датум на рецензирање: 04.03.2016
Рецензент: Симона Атанасова
ЗОШТО НЕ Е ПРАШАН ЗАЕВ?
Текстот се однесува на закажаното судско рочиште за случајот „Поткуп“, во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е обвинет дека примил поткуп за приватизација на земјиште. Написот го става акцентот на тоа дали Заев ќе се појави во судницата затоа што на претходното рочиште тој, поради средба со амбасадорот на Кина, не се појавил во судницата. Но, зачудува тоа што во насловната конструкција прашањето е адресирано до амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Згора на сè, употребена е формулација како прашањето да му се упатува на портпаролот на Заев:
„Господине Бејли, ќе дојде ли Заев на суд или пак има средба со некој амбасадор?“
Прво, нејасно е зошто одговорот на ова прашањето не е побаран од Заев, од неговиот портпарол или од неговиот адвокат? Покрај тоа, оваа објава во коментарторски манир ја поставува дилемата:
„Останува да видиме дали Заев утре конечно ќе го испочитува Судот и ќе се појави на рочиште, како што вети неговиот адвокат при последното одложување, или пак опозицискиот лидер повторно ќе има некои службени и обврски или можеби средба со некој амбасадор.“
Потоа, за одбележување е тоа што во содржинскиот дел на текстот нема никакво објаснување зошто прашањето за агендата на Заев му е упатено на амбасадорот на САД? Всушност, амбасадорот Бејли воопшто и не се споменува во написот, па затоа е чудно што неговото име е извлечено во тенденциозниот наслов!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови