Од другата страна на црвената линија на пристрасноста
Објавено во Рецензии
on 15 - 06 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: ЕУ и САД тргнаа да го уриваат Вучиќ]
Во својата работа новинарите треба да се потпираат на две од најсуштествените постапки во нивната работа – верификација, односно проверка на информациите, и избалансираност, односно да се обезбеди сеопфатност на информацијата ако таа има повеќе засегнати страни. Концептот за објективност во новинарската професија не подразбира дека новинарите се лишени од предрасуди. Но, објективноста и избалансираноста се неопходни како методологија во нивната секојдневна практика за да не се доведе во прашање точноста на информацијата заради културните и личните предрасуди на новинарите.
Методологијата е објективна, а не новинарот.
Овој принцип е наведен во поглавјето „Принципи на новинарството“, во „Прирачникот за етика во новинарството“.
Оттаму, она што медиумската содржина што ја рецензираме ќе ја направеше поизбалансирана, посеопфатна и политички неутрална, ќе беше доколку таа имаше и извори и аналитичари кои ќе ја застапуваа и втората страна на настаните во Србија. Зашто никој не може да прифати дека такви сложени и чувствителни политички настани можат да се толкуваат само еднострано, само од позицијата на провладините медиумски и експертски поддржувачи.
Линк до оригиналниот напис: ЕУ и САД тргнаа да го уриваат Вучиќ
Датум и време на објавување: 06.06.2016, 14:23
Датум на рецензирање: 08.06.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
САМО ЕДЕН АГОЛ
Кога станува збор за изворите, препораките се недвосмислен. Еве една која ни доаѓа од „Прирачникот за новинари“, како заедничко издание на „Цивил“ и на Здружението на новинарите на Македонија:
Мора да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни доставените информации. Добра практика е да се настојува при избор на изворите тие да бидат разновидни и релевантни.
Текстот пред нас нема разновидност на изворите и тоа го прави нерелевантен зашто не е сеопфатен.
Неизбалансираноста тргнува дури и од самиот наднаслов, во кој се вели:
„Во Србија врие, медиумите обвинуваат“
Како да се работи за сите медиуми, а всушност се цитираат само два провладини медиума.
Тоа на виделина ја исфрла и следната слабост на овој текст, а тоа е политичката пристрасност. Во споменатиот „Прирачник за етика во новинарството“, меѓу десетте принципи на доброто новинарство е и „Независност од оние за кои се известува“. Принципот застапува:
Независноста е суштински услов на новинарството, основа за новинарската веродостојност. Независноста на духот и на мислата, заедно со новинарската позиција на неутралност, се принципите во фокусот на новинарството.
Оттаму, кога ги застапуваат независноста и неутралноста, новинарите си обезбедуваат методологија која нема да им дозволи да ја преминат линијата што ќе ги одведе во пристрасност.
За жал, во случајот со оваа медиумска содржина направен е пропуст само затоа што не е употребена оваа многу корисна алатка.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови