Оцрнувачки текст скаран со вистината
Објавено во Рецензии
on 6 - 12 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Пејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ?]
Текстот што е предмет на оваа рецензија е класичен пример за спин и за оцрнување на јавно познати личности, во случајов пејачи, само поради тоа што настапуваат на митинзите на опозицијата. Написот се обидува да го убеди читателот дека овие пејачи ги отворале митинзите на СДСМ со југословенската химна.
Линк до оригиналниот напис: Пејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ?
Датум и време на објавување: 30.11.2016
Датум на рецензирање: 05.12.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
А ДОКАЗИ?
Самиот наслов на текстот „Пејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ?“ го содржи главниот спин кој се промовира во целиот текст и кој му се наметнува на читателот како вистина.
„Пејачите, Кристина Арнаудова, Бени Шакири и Златко Ориѓански кои ја забавуваат малкубројната публика на митинзите на СДС (без М, бидејќи со двојазичноста и федерализацијата се откажаа од Македонија) при вчерашното патување кон Македонска каменица и Делчево објавија фотографија на Фејсбук во која на српски јазик напишаа „Денеска е денот, Денот на Републиката“, односно ’Danas je dan DAAAAN REPUBLIKEEEEE’“
Во првиот дел од написот веднаш имаме коментари и оцрнувања на најголемата опозициска партија. Имено, на читателот му се наметнува мислење дека СДСМ се залагал за двојазичност и за федерализација и со тоа се одрекол од Македонија. Имаме оцрнување врз националистичка основа, без никакви аргументи. Овој спин деновиве интензивно го пропагираат медиумите наклонети на владејачката партија. Обвинувањата за двојазичност и за федерализација се дел од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.
Веднаш по ова, вметната е информацијата дека „пејачите на СДСМ“ на „Фејсбук“ на српски напишале: „Денеска е денот, Денот на Републиката“. Се мисли на 29 ноември, денот кога се славел роденденот на поранешна Југославија.
„Се поставува прашањето дали овие југоносталгичари и оние кои ги плаќаат да им пејат на слабопосетените „митинзи“ пред почетокот на беседите и ветувањата на Заев за двојазичност и кантонизација на Македонија ја пееле химната на распаднатата СФРЈ!?“
Ова е главната порака на написот. Се наметнува прашање без аргументи и без докази. Се претпоставува дека тие ја пееле химната на Југославија, наместо на Македонија, иако никаде нема доказ дека тоа навистина било така.
ЈУГОНОСТАЛГИЧНОСТА НЕ Е ГРЕВ!
„За потсетување, СДС (без М) како наследник на СКМ (Сојузот на Комунисти на Македонија) кои во почетоците на плурализмот во Македонија се викаа СКМ-ПДП никако не може да се ослободат од својата југоносталгичност која единствено живее само кај нив и кај никог друг од поранешните држави“.
Тука се прави обид СДСМ да се поврзе со поранешната Комунистичка партија во Југославија и да се убеди читателот дека тоа е нешто страшно и недозволиво. Прво, ваквото тврдење не е поткрепено со ништо, и второ, југоносталгичноста никаде и никогаш не претставувала кривично дело или нешто слично. Оттука, нејасно е зошто е тоа толку страшно?!
Во овој оцрнувачки текст целосно затаиле стандардите на професионалното новинарство, тој е коментаторски, манипулативен и скаран со фактите и со вистината.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови