verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Објавена анализата „МРТ – Јавен сервис на граѓаните?“

on 16 - 04 - 2013       

МРТ – Јавен сервис на граѓаните?НВО Инфоцентарот, во партнерство со Центарот за развој на медиуми, во периодот септември 2012 – јануари 2013 година, направи длабинска анализа на работењето на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на нејзините телевизиски програми: МРТ1, МРТ2 и Собраниски канал.

Основната цел на оваа анализа насловена како „МРТ – јавен сервис на граѓаните?“ (PDF) е да утврди дали и колку МРТ ги исполнува функциите на јавен радиодифузен сервис и, секако, да поттикне јавна општествена дебата за улогата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис во Република Македонија.

Анализата на МРТ се состои од две компоненти: анализа на правно-административната поставеност на МРТ и на внатрешните процедури и анализа на програмите на МРТ1, МРТ2 и на Собранискиот канал. Овој документ, покрај деталната анализа на работењето на МРТ и на нејзините телевизиски програми, ги содржи и клучните наоди и препораки за унапредување на функционирањето на МРТ како професионален јавен радиодифузен сервис, а содржи и краток пресек на историјатот на МРТ.

Анализата е финансиски поддржана од УСАИД и од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

 

Извор: МРТ – Јавен сервис на граѓаните?. Проект на УСАИД за граѓанско општество. 15.04.2013.