verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Новото“ паркиралиште за жени, старо четири години

on 11 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Parking 11

[Скопје доби паркинг само за жени (фото)]

 

Текстот „информира“ дека Скопје добило паркиралиште само за жени, а всушност, информацијата е „бајата“ четири години. „Новото“ паркиралиште за жени е старо колку и самата катна гаража кај НУБ „Климент Охридски“ , односно од 2012 година.

ParkingЛинк до оригиналниот наслов: Скопје доби паркинг само за жени (фото)

Датум и време на објавување: 03.02.2016

Датум на рецензија: 09.02.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

БАЈАТА ИНФОРМАЦИЈА

Овој материјал е преземен од друг медиум (тоа е наведено , но не е ставен линкот) и пласиран без да се провери веста, која фактички е прилично „бајата“. Ваквиот начин на објавување на информациите се коси со првиот амандман од Кодексот на новинарите

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи

Исто така, текстот се обидува да одговори зошто ова паркиралиште е поинакво од другите, без  да понуди конкретни факти дека дамите, навистина, имаат некакво повластено користење на  паркиралиштетш. Имено, за паркирање на возилата важат истите правила како за мажи, така и за жени. Оттука, со ваквиот пристап, сакајќи или не, се прави полова дискриминација.

„Овој паркинг простор е поразличен од останатите, од едноставна причина што е наменет само за жени. Линиите за паркирање се пошироки, а и пристапот е поедноставен. Се разбира, услов е мажите да имаат џентлменски пристап.“

Катната гаража кај НУБ „Климент Охридски“ беше отворена во 2012 година, а инвеститорот тогаш појасни зошто првиот кат е наменет за жените:

„Обезбедените паркинг-места за жени се за нивна безбедност, не за да ги дискриминираме. Бидејќи живееме во време што не е безбедно, со тоа сакавме првиот кат да го обезбедиме за жени, но и за полесно паркирање. Ова го видовме на Запад и сакавме да го воведеме, објаснува директорот на „Макоил“, Мите Јовановски.“

Еден професионално сработен, коректен новинарски текст има цел точно, прецизно и  навремено информирање на јавноста. Тоа не е случај со текстот што е предмет на оваа рецензија, каде што информација стара четири години се пласира како нова.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

неточна информација

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови