verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Коњаници кои веруваат дека се Гоце и Даме и напис кој верува дека ја прави историјата

on 11 - 08 - 2015       

СКАНДАЛ  Свештениците на црквата-crop-resize

 

[Скандал: Свештениците на црквата „Светите Апостоли Петар и Павле“ во Кичево не ги пречекаа родољубите од коњаницата „Бигорски манастир – патот на Црешовото топче“]

 

Постојат случаи кога актери кои долго играле во некоја специфична ролја, толку се соживеале со неа што и во животот почнале да се однесуваат како ликот што го толкуваат. Ова, се чини, им се случува и на нам извесните коњаници од скопско Лисиче, кои пред Илинден, со децении наназад, тргнуваат со атовите кон Крушево и таму пристигнуваат непосредно пред празничните манифестации за Илинден. Тие очигледно се стопиле со костимите што ги носат и го очекуваат истото и од публиката (тоа е сепак, нели, една историска реминисценција, еден вид подвижна драмолетка, која во време на социјализмот имаше третман на спортска манифестација!). Текстот кој е предмет на опсервација покажува недозволиво недистанцирање на авторот од настанот што го проследува, односно покажува дека на – условно – актерите им ги дава својствата кои „по себе“ им ги носат костимографијата и сценографијата!

СКАНДАЛ  Свештениците на цркватаЛинк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Свештениците на црквата „Светите Апостоли Петар и Павле“ во Кичево не ги пречекаа родољубите

Датум на објавување: 01.08, 2015, 18:18

Датум на рецензирање: 09.08.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Денес 29 јули 2015 година во Кичево биеа камбаните во чест на влегувањето на Коњаницата „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“, но, за жал, свештениците кои требаше да бидат со народот не излегоа да ги пречекаат, (нели каде што е народот таму е и црквата), надвор од сите православни и верски правила, свештениците се сокрија во просториите со клима уреди, се сокрија, без тронка почит кон својот народ и својата држава, не излезе ниту еден од нив да го поздрави својот народ.“

Она што е видливо од пасусот и од целиот текст, кој е долг ама непотпишан(!), е дека групата коњаници која тргнала кон местото на централната прослава на Илинден во Крушево, се третира како „народ“, како посебен сој христијани, како маченици, бидејќи, додека тие јаваат некој седи во соби со клима-уред(!). Нивното јавање дури добива статус на мачеништво и на „родољубие“, а, секако, написот се поставува како соучесник на историски настан! Ако си „до Гоце и до Даме“… и ти си, нели, кандидат за илинденска пензија.

Покрај проблемот со недистанцирањето, овој текст, кај кој жанрот е многу тешко да се одреди, има проблем и со непознавањето на религијата и на обичаите, како прво, но и со политизацијата на една појава, која е, инаку, променада во основа, која, пак, како што мисли авторот, или авторите, не дозволува зацврстување на територијалната поделба на „македонците во западниот дел на Македонија“ (Македонците со мало „м“ е земено од кај авторот).

Иако не може да се говори во името на теолошките доктрини, во христијанството и во другите монотеистички религии, црквата (храмот), во случајот и споменатиот кичевски „Свети апостоли Петар и Павле“, е метафорички „божји дом“. Оние кои влегуваат таму не се чекаат пред врата, бидејќи тука има вообичаена хиерархија – и претседатели, и цареви и други важни личности за време на големи празници гледаме како сами влегуваат и излегуваат од храмовите: никој не е – што се вели – над Господ и тој што сака да биде дел од некаква церемонија, влегува таму каде таа ќе се случува. Таквиот влез е своевидно покорување на Господ! Текстот на начин на кој ги третира „комитите“, практично прави селекција, односно церемонијално ги става нив над сите други христијани, што е еден дискриминаторски гест, за верување само како дел од една голема инсифуциенција на факти кои му се неопходни за таа тема, меѓу другото.

Проблемот со актуелната духовна клима е што таа е навидум „православно–христијанска“, ама ги меша работите, бидејќи, одново се гледа себеси како „автентична“ низ една мешпајз-поставка од симболи, ликови и од претстави. Затоа кај нас комитите одат барабар на марш со Александровата фаланга (негова реплика од картон), како пешадија, која, нели, не е христијанска, по тие мерила е дури и безбожничка, ама одговара на идеолошкиот микс кој не пледира да биде историски верен, туку само да биде театарски уверлив. И тоа толку уверлив што и самите режисери и сценаристи почнуваат да веруваат во „вистинитоста на глетката“.

Прашањето на одбраната на западните краишта преку биењето на ѕвоната кога минуваат актерите – „илинденци“ во градовите и селата од тој дел на земјата отвора цел еден куп дилеми. За очекување е дека, бидејќи доаѓаат избори, нив барем делумно ќе ги отворат најпрвин владините коалициони партнери (се сеќаваме на мерењето на знамињата од претходните локални избори). Текстот кој е најнапред плод на незнаење на десетици полиња што ги допира, е дека барем може да почне некаква меѓуетничка кавга. Поповите доаѓаат „приде“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

Текстот во голема мерка се базира на личен агол на гледање на авторот

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови