Новинарството треба да ги избегнува шпекулациите
Објавено во Рецензии
on 9 - 09 - 2016 Автор: Fatlume Dervishi
Напис – Екслузивно: Заев дава оставка како претседател на СДСМ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе поднесе оставка од оваа позиција, известуваат за весникот „Лајм“ сигурни извори. Меѓутоа, оваа оставка не претставува негово повлекување од политиката, а ни од раководството на СДСМ.
Тој повторно ќе се кандидира за претседател на партијата на конгресот на СДСМ што ќе се одржи по две недели. Истите извори велат дека иако можеби ќе има и противкандидати, на овој конгрес Заев повторно ќе биде избран за лидер на партијата, бидејќи има неоспорна поддршка кај мнозинството делегати и структурата. „На овој начин Заев ќе ја потврди неоспорната поддршка што ја има и со оваа поддршка ќе се впушти во изборната трка на 11 декември“, велат сигурни извори за весникот „Лајм“.
[Рецензија – „Екслузивно: Заев дава оставка како претседател на СДСМ“]
Вака изгледа еден напис за кој се тврди дека е ексклузивен, но во кој нема ниту вест. Или, подобро кажано, извадено е нешто од ништото, се изматило како да се открило нешто големо и, на крај, се објаснува дека реално станува збор за протоколарна постапка. Не е чудно што ваквите информации се демантираат на крајот на денот.
Линк до оригиналниот напис: „Екслузивно: Заев дава оставка како претседател на СДСМ“
Датум и време на објавување: 02.09.2016
Датум на рецензирање: 05.09.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Самиот вовед на написот е конфузен и го збунува читателот. Поднел или не поднел оставка претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од позицијата што ја има? Овој дел повеќе ги збунува читателите отколку што им објаснува нешто.
„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе поднесе оставка од оваа позиција… Меѓутоа оваа оставка не претставува негово повлекување од… раководството на СДСМ“.
Брз бил и демантот од партијата на Заев.
„Целосно се невистинити написите од порталот „Лајм“ кои ги демантираме категорички, дека набргу претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе даде оставка“, се вели во демантот на СДСМ.
Откако еднаш кажува дека Заев се повлекол, а потоа дека не се повлекол, содржината ги отфрла двете тези, и во неа се кажува дека Заев повторно ќе се кандидира за претседател на партијата на следниот конгрес на СДСМ, што е вообичаена постапка на секој партиски конгрес.
„Тој повторно ќе се кандидира за претседател на партијата, на конгресот на СДСМ што ќе се одржи по две недели. Истите извори велат дека иако можеби ќе има и противкандидати, на овој конгрес, Заев повторно ќе биде избран за лидер на партијата, бидејќи има неоспорна поддршка кај мнозинството делегати и структурата“.
Всушност, горниот пасус е единствената новост (доколку може да се рече), во овој напис. Авторот (тврди дека) дознал дека Заев можеби ќе има противкандидати за претседател на партијата, но има поддршка од мнозинството во неговата партија. Меѓутоа, за да се биде професионален докрај, требало да се побара официјална потврда од овој субјект. Нормално, оваа информација не е толку бомбастична колку и известувањето за оставка. Токму поради оваа причина, авторот играл со сензационалноста, со или без намера, дури правејќи и шпекулации.
Погрешното лоцирање на изворите или измислувањето извори за да се претстават неточни информации, половични и недокажани колку што треба, се третира како тешко прекршување на професионалните стандарди, порачува Кодексот за етика на новинарите на Македонија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови