Новинарството треба да алармира за виталните прашања со факти и со целосни информации!
Објавено во Рецензии
on 5 - 08 - 2016 Автор: Xhenis SulimaniНапис: Аларм: Водата во Тетово загадена од отпадните води
Тетово има проблеми со водата за пиење и во повеќето случаи има рестрикции. Сега, Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово, потврди, дека во водата во Тетово може да се најдат отпадни води и оваа вода е забранета за пиење, пренесува „Телеграфи Македонија“.
„Водата од резервоарите во Тетово е загадена со отпадни води и треба постојано да се дезинфицира за да не дојде до загадување со микроорганизми. Сугерираме дезинфекција и хлорирање на водата“, рече доктор Ратко Давидовски, специјалист за здравствена хигиена и екологија во Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово.
Од Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово, не информираат кога ќе се дезинфицираат и ќе се исчистат резерварите за вода од кои што граѓаните на Тетово и на околината ја гасат жедта.
[Рецензија: Аларм: Водата во Тетово загадена од отпадните води]
Прашањата од општ интерес поврзани со елементарните потреби на човекот се теми за кои треба да се пишува точно и кои треба да бидат целосно покриени. Така е поради тоа што што граѓанинот има потреба да ја знае целосната вистина, особено за суштински теми, како што е прашањето за водата за пиење и здравјето на жителите.
Линк до оригиналниот напис: „Аларм: Водата во Тетово загадена од отпадните води”
Датум и време на објавување: 31.07.2016
Датум на рецензирање: 01.08.2016
Рецензент: Џенис Сулимани
Новинарскиот производ што го рецензираме со право го отвора прашањето за контаминираната вода за пиење, но со неколку неточности и грешки. Првин, почнувајќи со алармот дека станува збор за целиот град Тетово. Авторот текстот го заснова врз изјавата на доктор Ратко Давидовски. Меѓутоа, тој зборува за проблемот со водата во Попова Шапка. Вака стои во оригиналниот текст од новинската агенција „Мета“, од каде е преземена и преведена изјавата. Факт што го демантира насловот на текстот што го рецензираме.
„Тетово има проблеми со водата за пиење и во повеќето случаи има рестрикции. Сега, Институтот за јавно здравје, дирекција Тетово, потврди дека во водата во Тетово може да се најдат отпадни води и оваа вода е забранета за пиење, пренесува ’Телеграфи Македонија’.“
Ден потоа истиот доктор-специјалист за здравствена хигиена и екологија од Центарот за јавно здравје, за „Порталб“ изјавува дека водата во Тетово за пиење е сигурна за користење. Уште еден факт што го побива изнесеното во рецензираниот текст и создава основан сомнеж дека алармот што го иницира текстот не е сосема оправдан.
Новинарите мора да бидат чувари на јавниот интерес и да го штитат преку написите и реакциите. Меѓутоа, алармирањата кои не се засновани на факти и на аргументи и кои, исто така, не се потврдени, предизвикуваат читателите да ја загубат довербата во медиумите. Комплетната и точна вест би била добар увид за јавноста за евентуалното невнимание на институциите за виталните општествени прашања.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови

