verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарството не е алхемија

on 28 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

start

[Рецензија: Османлиските архиви докажаа: Македонија никогаш не била грчка!]

 

Новинарите не мора да знаат сѐ и сешто. Најважно е да бараат на вистинските места, а кога ќе најдат индиции, факти, документи, приказни… што било што во себе содржи некоја интригантна информација, таа информација треба да се претвори во медиумски вредна содржина. Значи, не е секоја информација со потенцијал да биде вест, да биде медиумски вредна содржина.

Дури и кога ќе наиде на таква информација, новинарот треба да ја совлада сопствената суета и да побара мислење од некој експерт, познавач, кој ќе му потврди дека информацијата може да метаморофозира во вест. И уште повеќе, во атрактивна, релевантна вест која е од интерес за медиумската публика.

Кога новинарите немаат таква информација, што и да прават, во неа секогаш ќе остане нешто „предавничко“.

06272016-Start-Grcija-MKDЛинк до оригиналниот напис: Османлиските архиви докажаа: Македонија никогаш не била грчка!

Датум и време на објавување: 23.06.2016, 14:40

Датум на рецензирање: 27.06.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

„ПАТРИОТСКИ“ НАСЛОВ

Така е и со збирот од информации што „сака да биде“ медиумска содржина и што ние ја рецензираме.

Насловот е силен, „патриотски“, интригантен. Секогаш продава.

Но, уште во поднасловот веднаш се соочувате со нешто што збунува. Еве го поднасловот во целина:

„Архивите на Турција како наследничката на Отоманската Империја располагаат со преголема документација за историската вистина и за Македонија и за Грција. Кај нас тие датотеки речиси воопшто и не се истражуваат. Не располагавме ниту создававме кадар кој знае турски, воопшто пак да чита турски со арапско писмо, пред воведувањето на латиницата“.

Овој цитат, изјава, што ли е, е во прво лице. Личи на изјава. Но, го нема тој што изјавува. Кој го кажува тоа? Дали е тоа точно? Дали може да биде потврдено? Дали можеме да му веруваме?

Многу прашања, а ниту еден одговор. А, и прашањата и одговорите треба да го обезбеди новинарот.

Потоа, текстот на оваа тема продолжува со силни изјави како геноцид, голгота, егзодус, прогонство… Но, нема авторитет, експерт, позанавач, историчар… кој ќе го потврди тоа, кој ќе го објасни и кој ќе го стави во контекст.

Едноставно, не може да се потврди веродостојноста.

На крајот на оваа неизделкана информација останува чувството на залудно потрошено време и чувството на измаменост дури по атрактивниот наслов.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Делумно

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови