Новинарство киднапирано од сензационализмот
Објавено во Рецензии
on 15 - 08 - 2016 Автор: Fatlume Dervishi
Напис: Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија?
Гостивар, 3 август – 31-годишниот Ќ.Х. и 21-годишниот Ќ.Џ. од Гостивар во вторникот, околу 7.30 часот, киднапирале две деца на 15 и на 16-годишна возраст. Случајот се случил во планината над гостиварското село Врањовце, пренесува весникот „Лајм“.
Едно од децата било врзано со јаже од страна на Ќ.Х., додека другото дете го држел Ќ.Џ. Случајот се случил поради тоа што тие ги обвинувале двете деца дека им ги украле нивните коњи. Исто така, на двете деца им упатиле закани по животот. Случајот бил пријавен во полиција, а против Ќ.Х. и Ќ.Џ. е поднесена кривична пријава.
Инаку, граѓаните на Гостивар се жалат дека градот станал опасен за граѓаните, бидејќи во последно време во овој град се случиле многу тешки случаи.
Надлежните велат дека за разлика од минатиот период, кога случаите биле изолирани, во последно време насилството се истакнува сè повеќе. За социолозите, насилството не е некоја нова појава во нашата средина, но таа во минатото се сокривала во рамките на семејството, а жртвите било од физички или од психички аспект немале никакво друго право освен да го маскираат случајот, поставувајќи му други околности.
„И понатаму останува проценката дека вистинскиот број на таквите дела останува многу голем. Повеќето жртви или не ги пријавуваат таквите случаи или не бараат кривично гонење. Факт е дека за разлика од минатото, во последно време жртвите сè помалку го прикриваат насилството и видно ги надминуваат предрасудите и стереотипите околу оваа проблематика“, вели портпаролот на полицијата Марјан Јосифоски.
Во првите пет месеци од оваа година, во поширокиот Гостиварски Регион се регистрирани 29 кривични дела семејно насилство, кои резултирале со 28 пријави против исто толку поединци. Осумнаесет случаи биле со нанесување телесни повреди, осум со загрозување на безбедноста и три со загрозување на безбедноста со опасно оружје во тепачка, а што имаат врска со семејното насилство, соопшти денеска СВР Тетово.
„Во овие случаи жртви биле 14 лица од женски пол, главно сопруги, потоа ќерки, мајки, баби и сестри , додека повеќето во средината на насилниците се сопрузите, шест, синови – четири, татковци – еден, и така натаму“, вели за „Флака“ Марјан Јосифоски, портпарол на СВР – Тетово. Како што ни дава до знаење Јосифоски, освен ова, во овој период се регистрирани и 15 жалби што имаат врска со семејното насилство, кои се целосно расветлени со усно или писмено предупредување на инволвираните во овој вид насилство.
Вреди да се нагласи дека семејното насилство во последниве години многу почесто се пријавува во споредба со поранешниот период и дека во повеќето случаи жртви се родителите, бабите и дедовците. Од СВР даваат до знаење дека најчестите причини за семејно насилство и годинава се зависностите, асоцијалните семејства, недостигот од финансии, психичките нарушувања и др.
[Рецензија: „Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија“]
Рецензираниот напис, од аспект на прикажување на фактите е тенденциозен, конфузен и полн со недостатоци. Нема потреба за многу анализа за да се сфати дека сервираниот материјал е собран од различни текстови, со различни теми и објавени на различно време, само за да се извадат заклучоци кои на новинарот му биле потребни за да ги дополни со свои коментари.
Линк до оригиналниот напис: „Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија?“
Датум и време на објавување: 03.08.2016
Датум на рецензирање: 07.08.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Поаѓајќи од еден единствен случај, авторот го вади насловот „киднапирани две деца во Гостивар…“ и притоа додава дека овој град станува опасен за граѓаните. Написот го демантирала уште истиот ден Општина Гостивар, која објаснила:
„Журнал“:
„31-годишниот Ќ.Х. и 21-годишниот Ќ.Џ. од Гостивар во вторникот, околу 7.30 часот, киднапирале две деца на 15 и на 16-годишна возраст. Случајот се случил во планината на гостиварскоѕо село Врањовце, пренесува весникот ’Лајм’.“
Општина Гостивар:
Општина Гостивар: Порталот „Журнал“ денеска, на 3 август 2016 година, ја објави информацијата со наслов „Граѓаните во паника, зголемено насилството, убиствата и киднапирањата! Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија?“, каде што се зборува за еден случај од 23 јули 2016 година во село Врањовце од Општина Врапчиште.
Освен што „го згрешил“ датумот кога се случил настанот (станува збор за една разлика од шест недели), авторот „го згрешил“ и местото, како и општината. Подолу е делот од коментарот, кој авторот воопшто не го објаснува. Кои се тие тешки случаи во градот што го прават Гостивар опасен? Тоа го знае само тој.
„Инаку, граѓаните на Гостивар се жалат дека градот станал опасен за граѓаните, бидејќи во последно време во овој град се случиле многу тешки случаи“.
Во продолжение, на професионално нечесен начин, авторот ја менува темата, не известувајќи за ова, за да направи врска помеѓу две работи кои не може да се третираат како исти или како дел од една тема.
„Во првите пет месеци од оваа година, во поширокиот Гостиварски Регион се регистрирани 29 кривични дела семејно насилство, кои резултирале со 28 пријави против исто толку поединци. Осумнаесет случаи биле со нанесување телесни повреди, осум со загрозување на безбедноста и три со загрозување на безбедноста со опасно оружје во тепачка, а што имаат врска со семејното насилство, соопшти денеска СВР Тетово“.
Семејното насилство и киднапирањето се две сосема различни нешта, за кои кривично се постапува различно. Семејното насилство, колку и да е вообичаено во едно одредено место, не го прави тоа место опасно за сите граѓани.
Темата не е третирана на соодветен начин, бидејќи насловот не се совпаѓа со тоа што се дава како информација, додека понудените податоци се делови кои не се поврзуваат, немаат смисла и не може да се сметаат за сигурни информации. Гледајќи еден ваков текст, кој може да поверува дека станува збор за ненамерна грешка?
Извори на делови од веста:
„Лајмпрес“: Гостивар во шок, киднапирани две деца
„Флака инфo“: Гостивар, регистрирани 29 кривични дела „семејно насилство“ – Флака
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови