verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарски спакувано со сите нишани

on 21 - 11 - 2016       

nova

[Рецензија: Бунтот во Кривичен: Судска пролет или лицемерие на судиите]

 

Сè е како што треба, стокмено со ред, новинарски спакувано како што доликува, со сите нишани: извори, именувани соговорници, релевантна тема, сериозна ангажираност, начнување нови прашања…

 1111Линк до оригиналниот напис: Бунтот во Кривичен: Судска пролет или лицемерие на судиите

Датум и време на објавување: 16.11.2016, 16:01

Датум на рецензирање: 18.11.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Добро е што новинарскиот пост како да заврши, како зад нас да останаа „средновековните времиња“ во кои на прсти се броеја асли текстовите кои со мерак се читаа. Во последната година и пол – две има промена и тоа на подобро. Сè повеќе и повеќе се наоѓаат квалитетни написи со сè на нив, како и што  доликува за кое било веродостојно четиво. Ова е едно од нив. Планирано, креирано и пласирано како што е редот.

Прашањето што се обработува е исклучително значајно – случувањата во најголемиот суд во земјава познат како „Скопска единица“. Отвореното писмо на 13 судии кои се противат на начинот на кој функционира оваа институција под раководство на Владимир Панчевски е искористено како лајт-мотив за анализа на состојбите не само во овој суд, туку општо и во судството. Притоа, како извори, освен дописите од судот, се користат и двајца соговорници, исклучително добро запознаени со судските случувања. Едниот е новинар кој со децении известува од судниците, другиот е адвокат кој со години седи во судниците. Подобро, здравје.

Нормално, нивното учество во текстот влијае позитивно врз содржајноста зашто освен основната информација за случувањата во Основниот суд Скопје 1, се начнува и друг аспект од прашањето, како што е, на пример, долгогодишниот молк на судиите и зошто токму сега тие го креваат гласот.

„За мене ова е задоцнета реакција бидејќи ваква очекував да се случи на почетокот на годината кога Панчевски размести над 20 судии од Кривичниот оддел во прекршоци, на санкции и на малолетници. Сепак ваквата реакција охрабрува, а Судскиот совет очекувам преку идентификација на потписите кои ги имаат дадено судиите при заклетвата и да не ја толкува како анонимна претставката, туку сериозно да ја разгледа, бидејќи ова се речиси една четвртина од судиите кои го кренаа гласот против претседателот на скопска единица“, смета новинарот Саше Димовски.

Секако, во никој случај не е за потценување ниту анализата на адвокатот, зашто начнува дополнително разголување на целото судство преку примерот со конкретниот суд.

„Судството е во заложништво на една политичка партија и на извршната власт. Двојните аршини и селективната правда особено дојдоа до израз при постапувањето со случаите кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Според мене, реформата во судството треба да почне од Судскиот совет, оти таму е изворот на непрофесионалноста и неспособноста на судиите“, додава Давидовиќ.

Дополнително, материјалот добива тежина зашто коинцидира со објавувањето на европскиот извештај за напредокот на Македонија и тие наоди, мошне остри и критички за ситуацијата во судството, напишани од бриселските дипломати јасно се наведени во текстот.

Сè на сè, имаме убаво спакувана анализа, објективна и добро аргументирана, поткрепена со изјави, засилена со констатции на Европската комисија. Поточно, читателите добиваат јасен приказ на македонското судство, кое, за жал, не е во мошне добра форма.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови