Новинарска фантазмагорија во летната ноќ
Објавено во Рецензии
on 11 - 07 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Со Шекспир-театар на плоштадот Македонија ќе се покрива новата офанзива против Груевски]
Во преамбулата на Кодексот на новинарите се вградени неколку принципи кои ја определуваат најшироката рамка во која треба да се извршуваат новинарските задачи и кои гарантираат висока професионалност и етичка исправност. Еден од тие принципи е следниот:
„Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.“
Овој принцип го истакнуваме на почетокот на оваа рецензија, зашто тој е во директна врска со членот 5 од Кодексот кој во фокусот на вниманието на новинарите го издвојува јавниот интерес. Тој определува:
„Новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.“
Линк до оригиналниот напис: Со Шекспир-театар на плоштадот Македонија ќе се покрива новата офанзива против Груевски
Датум и време на објавување: 10.07.2016, 23:52
Датум на рецензирање: 11.07.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
КРАЈНО ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ТЕЗИ
Оваа врска, меѓу јавниот интерес од членот 5 на Kодексот и принципот на чесност и објективност од принципот во преамбулата, ги доведуваме во контекст на тврдењето во рецензираниов текст дека редакцијата на медиумот што ја објавува оваа содржина располага со „обемна документација“ со која може да ги потврди крајно вознемирувачките тези – дека земјата нема контрола врз настаните што се случуваат како дел од политичката криза и дека таа криза е под контрола на „странски сили“.
Членот 5 од Кодексот вели дека новинарот нема да сокрие ништо што е во спротивност на јавниот интерес. Во овој случај, сосема е очекувано за толку сериозни тврдења во една медиумска содржина, сите сознанија и докази за нив, соодветно на јавниот интерес, да им бидат предадени на институциите. Или, раководени од стандардите на истражувачкото новинарство, да бидат целосно објавени и поткрепени со аргументи и со докази за изворите на таа документација.
Ако тоа го нема во новинарскиот текст, а во овој случај – го нема, тогаш остануваат силни сомневања дека медиумската содржина е шпекулација и креација.
Следниот чекор кој е проблематичен, а што произлегува од недокажлива материја, е пристрасноста, политичката приклонетост. Тоа е во спротивност со членот 14 од кодексот, кој налага непристрасно и избалансирано известување, како и професионална дистанца од политичките субјекти.
КОГА СЕ ГУБИ ДИСТАНЦАТА, ДОАЃА ДО „ЗАБЕГАНОСТ“
Кога, пак, ја нема таа политичка дистанца, тогаш говорот во вакви медиумски содржини добива димензии на „забеганост“ во однос на квалификациите на политичките опоненти и читате епитети како „терористи“, „квислинсзи“, „валкани“, „корумпирани“, „арамолепци“, „злосторници“…
Од спротива на протагонистите на „хохштаплерската операција“, како што пишува во текстот, стојат „чистите“, „безгрешни“ ликови од власта.
Оваа новинарска позиција, освен што е полна со коментари интегрирани во текстот – и во однос на едните и на другите – ја доведува во прашање презумцијата на невиност, што исто така е во спротивност со кодексот (Член 8).
И на крајот, но не помалку важно, е да се истакне дека поради сите овие слабости поединечно, во прашање се доведува целата конструкција, односно обид една цела сложена операција да се опише без ниту еден извор. Во целата таа фантазмагорија, свое место има и Шекспир, кој, замислете, има круцијално место во уривањето на македонската влада. И тоа само поради тоа што оваа година цел свет го слави јубилејот 400 години од смртта на овој драмски писател.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Не може да се утврди
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови