Новинарот треба да ги одвои личните ставови од веста
Објавено во Рецензии
on 6 - 10 - 2015 Автор: Benjamin Arifi
[Рецензија: „Избори 2016“: Се руши „Зајаскиот клан“, победува ДПА]
Текстот што го рецензираме од почеток до крај содржи елементи на коментирање кои не треба да се најдат во еден информативен текст, каков што претендира да биде овој напис. Уште во самиот вовед, авторот констатира дека „Идните парламентарни избори ќе бидат „кошмар“ за Демократската унија за интеграција (ДУИ)“, меѓутоа не се знае кој го предвидел овој кошмар, аналитичарите кои првпат се спомнуваат на крајот на првиот пасус или самиот новинар што го напишал текстот. Би било многу легитимно доколку фактот дека „ДУИ на наредните избори ќе ја ризикува својата позиција во Владата“ би го рекле аналитичарите кои се во „позиција“ да говорат за политичките збиднувања.
Линк до оригиналниот напис: „Избори 2016“: Се руши „Зајаскиот клан“, победува ДПА
Датум и време на објавување: 20/09/2015
Датум на рецензија: 30/09/2015
Рецензент: Бењамин Арифи
„Откако еден добар дел од нејзиното членство во Скопје, кое беше структурирано во неколку (не)владини организации замина од ДУИ и формираше свое политичко движење, од ДУИ се откина и еден дел од нејзините поддржувачи. Искажаните незадоволства во последно време од други пратеници и функционери кои ја подготвуваат и нивната партија Унитети, за која „Експрес.мк“ (Express.mk) информираше дека се собрани потребните потписи за регистрација, ДУИ е поделена на три дела и е многу ослабната, проценува авторот на текстот без да понуди некој конкретен документ за иницијативата на фракцијата што е произлезена од ДУИ.
Веста за основањето нова политичка партија веќе неколку дена кружи низ јавноста, но кога се пишува текстот, треба да се наведе дека тоа се само претпоставки или сè уште неофицијални информации, за читателот сам да одлучи дали ќе ѝ верува на ваквата информација или не. Но, кога новинарот пишува самоуверено без аргументи, тоа не е ништо дурго освен пропагандистичка, рекламна вест.
Авторот на текстот продолжува со неговите пофални коментари за едната страна – „најстабилната албанска партија, ДПА, првата партија кај Албанците и носител на институционалните процеси и на реализација на економските, политичките, социјалните, културните и националните политики на Албанците“.
Ваквите текстови повеќе личат на кампања и текстови за односи со јавноста отколку на вести.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
креативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови