Новинарот не смее да им суди на уметници за учество во изборна кампања
Објавено во Рецензии
on 31 - 08 - 2020 Автор: АдминФото: Илустрација
Иако изборната кампања дозволува некои претерувања од различни политички противници, тоа не значи дека медиумите спаѓаат во оваа категорија. Медиумите имаат обврска да ги прикажуваат политичките програми на партиите, но тоа не значи дека тие треба да стануваат објавувачи на пропаганда и манипулација со политичките партии
Линк до оригиналниот напис: Уметниците кои го направија спотот на ДУИ се срамат што учествувале во него/ Artistët që e bënë spotin e BDI-së, turpërohen nga pjesëmarrja e tyre në këtë spot
Датум на објавување: 10.07.2020
Датум на рецензија: 13.07.2020
Рецензира: Наиле Даути
Тенденциозен наслов
Овој напис уште од насловот покажува дека станува збор за тенденциозно пишување. Буквално, целиот текст е посветен на напад на политичка партија, но авторот се обидел да најде нешто за да го користи да направи манипулативен текст, што нема никаква врска со професионалното новинарство. Прво и основно, насловот нема никаква врска со реалноста, затоа што ниту еден уметник што учествува во тоа видео не изразил дека се срами.
Во написот што го разгледуваме, повреден е секој можен професионален и етички стандард, почнувајќи од фактот дека авторот на написот намерно започнал со идејата да не прави вести и да дава информации, туку да алудира на нешто што не може да се потпира на факти.
„Во последниве денови, ДУИ промовираше политички спот каде што некои албански уметници, Петрит Незири, Бесијана Мемеди, Ќендрим Ријани, Шкелзен Бафтијари и Решат Амети, повикуваат на гласање за „албанскиот премиер на ДУИ“, но очигледно овие уметници се срамат од учество во овој спот “, се вели во написот.
Сè додека тие уметници се обврзале да бидат дел од кампањата на една политичка партија, не е новинарот тој што треба да им суди, дали направиле добро или лошо, а уште помалку дали се срамат или не. Дотолку повеќе што како „факт“, новинарот ги предлага профилите на Фејсбук на посочените уметници.
„Ова го тврдат страниците на профилите на овие уметници каде никој (освен Шкелзен Бафтијари кој нема профил на Фејсбук), не се гледа дека го споделиле овој политички спот. Од ова можеме да заклучиме дека на овие уметници не им се допаѓа идејата за албанскиот премиер, но тогаш се поставува прашањето кој ги принудил да учествуваат на овој спот, старите долгови или стравот од недостаток на финансиска поддршка преку идните проекти“, се наведува во статијата.
Главните професионални недостатоци на текстот:
- Не е аргумент дека уметниците се засрамиле само затоа што спотот не го објавиле во нивните лични профили. Една „вест“ како ова не може да се аргументира на таков начин, т.е. „аргументот“ не е аргумент.
2. Авторот на текстот донел заклучок дека на овие уметници не им се допаѓа идејата на албанскиот премиер. Авторот им суди, вистинскиот новинар не. Можеби уметниците воопшто не се вклучени во политички теми во Македонија, можеби воопшто не ги интересира идејата, но може и ги интересира. Можеби биле платени за нивната работа, затоа што на крајот на краиштата тие се уметници, ова не е прашање од интерес на граѓаните, ниту треба да се вложи напор за таква анализа.
3. Авторот шпекулира дека овие уметници можеби биле присилени од стари долгови или од страв од недостаток на средства за идните проекти, што претставува погрешно оцрнување на нивните фигури. Ваквото пишување воопшто не е етичко.
Авторот во оваа прилика направил големо непочитување на етичкиот Кодекс на новинари, кој препорачува новинарот да прави разлика помеѓу коментари и вести, да негува култура на изразување и етика, професионално дистанцирање кога се известува за политичи процеси и слично.
„Новинарите мора да прават разлика помеѓу фактите и мислењата, помеѓу вестите и коментарите“, член 13.
„Известувањето за политичките процеси, особено за изборите, мора да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионално дистанцирање од политичките субјекти “, член 14.
„Новинарот мора да ја негува културата на изразување и етиката. Непримерна комуникација со јавноста не е соодветна за професијата новинар “, член 15.
Прирачникот КриТинк ги третира видовите манипулации што ги среќаваме во медиумите. Во овој случај, авторот наместо да има тенденција да верува, или воопшто да не верува, требало да ги праша самите уметници иако и таа тема воопшто не е од јавен интерес. Во текстот имаме работа со манипулациите Повик на можност и Лажна дихотомија, опишани во прирачникот КриТинк.
За читателите
Некои читатели судат според насловот, веројатно и воопшто не го читаат текстот. Затоа, насловот кажува многу за квалитетот на веста. Ако прочитате ваков наслов како што е примерот што го рецензиравме, треба лесно да заклучите дека станува збор за многу тенденциозен текст, без факти, полн со коментари, дезинформација, лаги, пристрасност и сè што нема никаква врска со работата на еден професионален новинар. Како и секогаш, ве советуваме да ги избегнувате ваквите медиуми, од нив немате никаква корист, напротив.
Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
потикнува на насилство
дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови