verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот не може да зборува во име на политичките партии

on 7 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: ДУИ нема да отстапи од тоа што е проектирано во соработка со Брисел и Вашингтон]

 

Промовирањето и рекламирањето се активности што не му припаѓаат на новинарството, а уште помалку на професионалното новинарство. Медиумите не треба да им помагаат на политичките партии да ги реализираат своите кампањи за да ги убедат граѓаните дека тие се во право, освен кога тоа се наведува јасно. Правото е на страната на јавноста. И, за да суди правилно, јавноста има потреба од факти.

Aktuale - BDI nuk do i shmanget asa qe eshte projektuar ne bashkepunim me Brukselin e UashingtoninЛинк до оригиналниот напис: ДУИ нема да отстапи од тоа што е проектирано во соработка со Брисел и Вашингтон

Датум на објавување: 04.11.2015

Датум на рецензија: 04.11.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Написот што го анализираме претставува чиста пропагандна реторика. Авторот на овој текст, се чини, игра улога на портпарол на овој политички субјект, почнувајќи од насловот и продолжувајќи докрај, како коментарите и пофалбите да се нормална работа за една вест. Во насловот, авторот дава ветувања во името на ова политичка партија, истакнувајќи дека ДУИ нема да отстапи од предвидените проекти, иако нема никакво право да го направи тоа.

„…ДУИ продолжува да биде доследна и за никаква цена нема да отстапи од тоа што е проектирано во соработка со Брисел и Вашингтон, известува Актуале.мк.“

Текстот понатаму сугерира дека:

„ДУИ и нејзиниот лидер ќе продолжат да бидат проактивни во ова насока и ќе направат се за да се излезе од барикадите поставени од двата македонски субјекти…“

Авторот не навел факти зошто го употребил терминот „проактивни“ и не напишал ништо конкретно кога вели дека овој политички субјект „ќе направи сè за да се излезе од“ ситуацијата или како што тој ги нарекува „барикадите поставени од двата македонски субјекти“.

Впечатокот што се добива од текстот е дека ДУИ со нејзината „проактивност“ станува жртва на замката на другите, но тоа е според мислењето на авторот, а не според обработените докази што тој ги презентира.

Има шанси текстот да е дел од некое соопштение за печат на ДУИ. Но, ако е продукт на овој медиум, никако не може да се смета за вест.

Новинарот нема потреба да одигра улога на портпарол на политички субјект за да ги наметне своите убедувања на јавноста. Тој, едноставно, на јавноста треба да ѝ понуди доволно факти и информации за да таа самата да направи разлика помеѓу доброто и лошото.

 

(Од Сервисот за проверка на факти на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

нема

нема

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

ниту еден извор

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

има пропагандистички елементи

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

промотивен

несоодветен

промотивен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови