Новинарот не е ниту лекар, ниту психолог
Објавено во Рецензии
on 18 - 03 - 2016 Автор: Adrian KerimiНапис: Абдилаќим Адеми, уморен и ослабен
Уморен и ослабен. Вака изгледа министерот за образование, Абдилаќим Адеми, на средбата што ја остварил денеска со градоначалниците на општините Боговиње и Желино, каде зборувал во врска со отварање на професионални училишта во овие две општини. Дали го изморила работата во министерство или партиските проблеми, не може да се каже, но познато е дека има многу проблеми и во МОН и во ДУИ.
Во МОН продолжуваат да излегуваат на виделина скандалите со учебниците, а во партијата се зборува дека не му одат добро работите бидејќи не го прифатил добро фактот што не е избран за претседател на изборниот штаб на партијата, иако според партискиот статут, таквата позиција му припаѓа на генералниот секретар.
За денешната средба информираше Ајше Селмани.
„Денеска, министерот за образование и наука, г. Абдилаќим Адеми, имаше средба со градоначалникот на Општина Боговиње, г. Хазби Идризи, и со градоначалникот на општина Желино, г. Фатмир Изаири, во врска со отворањето на професионалните училишта во овие две општини. На средбата на која присуствуваше и директорката на Центарот за професионално образование и обука, г-ѓа Ајше Селмани, и раководителот на Секторот за образование во Општина Боговиње, г. Нуриман Тефику, се донесе одлука најпрвин да се направи една студија за оправданост околу тоа кои насоки е потребно да се отворат во овие училишта, односно кои професии се најпотребни, и потоа да се отворат соодветни насоки. Продолжуваме… Образованието пред сè“ напишала Селмани на „Фејсбук“. (Lajmpress)
[Рецензија: Абдилаќим Адеми, уморен и ослабен]
И новинарите што го следат здравството не смеат да си земат право да даваат такви заклучоци без да се базираат на соодветен извор или факти, како што е случајот со овој текст. Во текстот се гледа обид за критика, но, за жал, таа е неконструктивна и неоснована и е спротивна на Етичкиот кодекс на новинарите. Јавноста има потреба за вест, а не за коментар и за потсмевање маскирано како вест. Текстот што го рецензираме не информира ништо, освен што прави една каша што го оневозможува читателот да го разбере тоа што треба да се разбере од овој напис (се разбира, доколку има нешто што треба да се разбере).
Ако целта на средбата биле професионалните училишта, овде има доволно причини на веста да ѝ се пристапи од овој агол – професионалните училишта и подготвеноста на Министерството за образование да се соочи со проблемите од овој аспект.
Деградирање на професијата не се прави само преку непренесување на една тема како новинари, туку и преку употреба на изрази, парафрази и на прашања, кои за читателот не носат ништо дополнително, освен што влијаат негативно на сликата за медиумот што произведува такви содржини. Драги читатели, доколку авторот констатира дека министерот е уморен, но не ја знае причината за тоа, и ние нема да го знаеме тоа.
„Уморен и ослабен. Вака изгледа министерот за образование, Абдилаќим Адеми, на средбата што ја остварил денеска со градоначалниците на општините Боговиње и Желино, каде зборувал во врска со отварање на професионални училишта во овие две општини. Дали го изморила работата во министерство или партиските проблеми, не може да се каже, но се знае дека има многу проблеми и во МОН и во ДУИ.“
Линк до оригиналниот напис: „Абдилаќим Адеми, уморен и ослабен“
Датум и време на објавување: 11.03.2016
Датум на рецензирање: 13.03.2016
Рецензент: Адриан Керими
Учебниците се посебна приказна. Еве уште една дополнителна причина за да ѝ се пристапи на веста од овој агол, а не од опашката! Еден интересен елемент кој може да се забележи во текстот е тој каде што пишува дека „…се зборува дека работата не му оди добро“. Почитувани, ако не сте знаеле, да се потсетиме на Етичкиот кодекс и на членот 13, кој гласи:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Новинарите имаат право на свое мислење, став и процена, но не смеат личните мислења да ги камуфлираат како да се факти.
Тоа се гледа и во следниот пасус:
„Во МОН продолжуваат да излегуваат на виделина скандалите со учебниците, а во партијата се зборува дека не му одат добро работите, бидејќи не го прифатил добро фактот што не е избран за претседател на изборниот штаб на партијата, иако според партискиот статут, таква позиција му припаѓа на генералниот секретар.“
Дека оваа „вест“ е направена колку да се изрази еден коментар и да се прикаже едно непријателство во спакувана форма, сведочи фактот дека текстот нема автор и за споменатите шпекулации не се цитира извор што докажува автентичност, а не се дава ни индикација дека имало обид да се разгледа вистината околу здравствената состојба на министерот, која ја „проблематизира“ овој текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови