Новинарот на смее да се поставува како судија
Објавено во Рецензии
on 1 - 07 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: ПРИТВОР ЗА ЗАЕВ? Или Судот со двојни аршини ќе го штити криминалот со превозот во Струмица?]
Ова е еден коментаторски и тенденциозен текст, политички мотивиран, кој има цел да ја наведе читателската публика дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е вионовен за дело за кое не е почната ниту судска постапка, а уште помалку е изречена пресуда.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ПРИТВОР ЗА ЗАЕВ? Или Судот со двојни аршини ќе го штити криминалот со превозот во Струмица?
Датум и време на објавување: 29.06.2016
Датум на рецензирање: 01.07.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
НАВЕДУВАЊЕ
Ваквата тенденција се гледа уште во насловот на написот во кој се тврди дека „Oпштина Струмица правела криминал со превозот“.
На почетокот имаме вест дека Апелацискиот суд го потврдил решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 за изрекување мерка куќен притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Подолу, се прави обид да се одбрани градоначалникот Талески, така што се вметнати коментари за одлуката на судот, нагласувајќи дека таа била политичка и донесена под притисок на СДСМ, иако написот не нуди докази и арументи за тоа. На тој начин, прекршен е членот 14 од Кодексот за новинари кој вели дека: Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
„Во отсуство на поддршка од народот, главните инструменти кои им остануваат на СДСМ се СЈО и притисокот врз судот. Одлуката за притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, е типичен пример за потклекнување на дел од судството на бруталниот и невиден притисок на СДСМ врз судот“.
Не е јасно на кој начин СДСМ вршел притисок врз судот и врз Специјалното јавно обвинителство. Ако постојат докази за тоа, треба да се објават. Во спротивно, лесно може да се заклучи дека станува збор за претпоставка, а во новинарството нема место за претпоставки.
ПОЛИТИЧКИ ПАМФЛЕТ
Понатаму, следува напад врз Специјалното јавно обвинителство и обид тоа да се поврзе со СДСМ.
„Но, она што е вистински скандал е тоа што СЈО молчи кога станува збор за Струмица и превозот кој го организирал Зоран Заев, односно Катица Јанева нема намера кривично да го гони струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, иако струмичани плаќале поскап превоз“.
Вистински скандал е тоа што еден новинарски напис повикува обвинителство, во случајов СЈО, да поведе постапка, во случајов против Заев. Тоа не е новинарска работа. Понатаму, не може СЈО да поведе постапка за превозот во Струмица, од причина што Специјалното обвинителство е формирано за да ги истражи наводите од прислушуваните разговори, а не обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ. А токму случајот со превозот во Општина Битола е случај произлезен од аудиоснимките што ги објави опозицискиот СДСМ.
Исто така, не е точно дека струмичани плаќале поскап превоз од битолчани. Тоа може да се види во текстот обајвен на „Вистиномер“.
Од авион може да се види дека овој текст е политички мотивиран и дека има цел да го дискредитира лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Написот е непрофесионален и повеќе наликува на политички памфлет.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови

