Новинарот ја решава дилемата на ДИК: „Фантомски гласачи нема”!
Објавено во Рецензии
on 24 - 03 - 2016 Автор: Fatlume DervishiНапис: ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ нема, проблем се само 30 000 гласачи, 90 отсто Албанци
По темелно прегледување е констатирано дека спорни во избирачкиот список се само 30 000 гласачи, од кои околу 90 отсто се Албанци.
Ова бројка не се однесува на фантомски гласачи, туку на вистински луѓе кои имаат право на глас, но чии податоци не се совпаѓаат целосно со базите на податоци со кои располагаат институциите.
Oва е потврдено и од членови на ДИК кои не се членови на ВМРО-ДПМНЕ и од претседателот Александар Чичаковски, кој додал дека нема потреба од паника, бидејќи фантомски гласачи нема, пишува „Нетпрес“.
[Рецензија: „ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ нема, проблем се само 30 000 гласачи, 90% Албанци”]
Во еден краток текст е третиран еден многу чувствителен аспект на демократијата во земјата, но начинот на кој е направено тоа не остава впечаток дека е сериозно. Исто толку проблематично во текстот е немањето извори, иако авторот и овие информации ги претставил како официјални и неоспорни.
Линк до оригиналниот напис: „ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ нема, проблем се само 30 000 гласачи, 90% албанци”
Датум и време на објавување: 18.03.2016, 12:25
Датум на рецензирање: 19.03.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Бројката што се спомнува во текстот (30.000) не е спомната официјално во ниту една од фазите од процесот на прочистување на избирачкиот список во Македонија. Ако авторот има индиции од други извори, било да се анонимни или не, дека бројката од 30.000 е точна, тогаш треба да истакне јасно од каде произлегува и врз основа на каква математика се добила оваа бројка. Во содржината се цитираат членовите на ДИК, со исклучок на членовите од ВМРО–ДПМНЕ, и акцентот се става кај претседателот Александар Чичаковски, чија изјава не ја наоѓаме во текстот и која, можеби, е измислена или, пак, погрешно протолкувана. Во сите свои јавни изјави, Чичаковски не дал ниту еден коментар за фактот дали има или нема фантомски гласачи и ова е многу конфузно за јавноста.
„По темелено прегледување е констатирано дека спорни во избирачкиот список се само 30.000 гласачи, од кои околу 90 отсто се Албанци. Ова бројка не се однесува на фантомски гласачи, туку на вистински луѓе кои имаат право на глас, но чии податоци не се совпаѓаат целосно со базите на податоци со кои располагаат институциите.“
Третирајќи го ова прашање со крајна пристрасност, авторот не ги спомнува ни податоците од експертскиот извештај од ДИК кои неофицијално ги добија сите медиуми и во кои се зборува за околу 500.000 податоци за спорни имиња во избирачкиот список. Освен тоа, во текстот не се споменува ни дека извештајот со последните „спорни“ податоци не е усвоен во една јавна официјална сесија, како што ѝ беше ветено на јавноста, и во никој случај не е донесен заклучок дека тие не треба да се потврдат.
Во овој текст има непочитување на низа правила од Прирачникот за етика во новинарството или, кажано поинаку, не е испочитувано ниту едно од нив.
Една од причините е и таа што оригиналниот текст е објавен на порталот „Нетпрес“, но е преземен само делумно, што создава уште поголема конфузија. Јасно и сосема убедливо може да се каже дека станува збор за манипулативен текст, полн со невистини и со измислени ситуации.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Нималку
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови