Новинарите прават вести, а не пропаганда!
Објавено во Рецензии
on 29 - 03 - 2016 Автор: Adrian KerimiНапис: Општина Тетово го означи Денот на екологијата со бројни активности (Фото)
Денот на екологијата денеска беше означен со бројни активности. Го инаугуриравме паркот во населбата Блок 82. Потоа продолживме околу плоштадот Илириа, каде учениците од основните училишта поминаа со банери под убавите звуци на виолината на учениците од музичкото училиште. Исто така, го организиравме и маратонот на булеварот Илириа. #ДаЈаСакамеСредината
[Рецензија: Општина Тетово го означи Денот на екологијата со бројни активности (Фото)]
Улогата на новинарите без сомнеж е и останува информирањето. Секоја друга активност или „доза“ што се вклучува во нивните активности е спротивна на правилата на професионалното новинарство. Новинарите треба да информираат за тоа што се случило, а не да ја известат јавноста за активностите на некој субјект без да се дистанцираат од него, туку, напротив, да станат и дел од пропагандните напори. Ова не е информирање, туку обид за да му се импутира нешто на читателот.
Текстот што го рецензираме не информира така како што бара новинарството, туку, едноставно, зборувајќи во прво лице промовира активности на Општина Тетово. За да не се запрашаме која била улогата на новинарот во овој напис, дали воопшто имало новинар или текстот е напишан надвор од редакцијата и само е печатен без ниту една уредничка интервенција, прашуваме – кој е интересот на јавноста? Заедно со фотографиите, кои се верува дека се земени од канцеларијата за информации при Општина Тетово, текстот се обидува да наметне позитивен поглед за нивните активности, преку една некомплетна информација, во која, освен набројување на активностите, не се информира ништо конкретно за нив. Не може да се посочи врз каква логика е подготвен овој текст.
„Денот на екологијата денеска беше означен со бројни активности. Го инаугуриравме паркот во населбата Блок 82. Потоа продолживме околу плоштадот Илириа, каде учениците од основните училишта, поминаа со банери под убавите звуци на виолината на учениците од музичкото училиште.“
Линк до оригиналниот напис: „Општина Тетово го означи Денот на екологијата со бројни активности (Фото)”
Датум и време на објавување: 21.03.2016
Датум на рецензирање: 22.03.2016
Рецензент: Адриан Керими
Начинот на професионално информирање е многу далеку од ваквата реалност. По повод Денот на екологијата, на пример, требало да се праша градоначалничката Арифи за тоа колку влијаат овие активности и што друго презела Општината за прочистување на воздухот, проблем поради кои за Тетово слушна цел свет, едно време и како за најзагадениот град во Европа. Или, барем, да имаше и изјави од учесниците во активностите, граѓаните и активистите за заштита на животната средина, од некој експерт по екологија. Можеби ќе беше прифатен некој друг концепт предложен од редакцијата, која во овој случај ја играла улогата на мегафон на градоначалничката Арифи. Но, еве, за читателите кои конкретната редакција „многу ги сака“, не е проценето како потребно за овој актуелен ден и тема за Тетово да се произведе еден напис со новинарски карактер и од јавен интерес.
„Исто така, го организиравме и маратонот на булеварот Илириа. #ДаЈаСакамеСредината“
За да му се објасни на читателот за тоа колку овој напис има професионална боја, се потсетуваме барем на Етичкиот кодекс на новинарите.
Член 6 јасно одредува дека:
Не смее да се дозволи реклама или други комерцијални мотиви што влијаат на слободата на информирање. Треба да постои јасна поделба меѓу рекламата и новинарскиот текст со илустрација.
Параграф 2: Секој вид на комерцијално објавување, како и политичка пропаганда што не се јасно одделени се проценуваат како тешко кршење на професионалните стандарди.
Параграф 3: Под маскирана реклама се подразбираат сите пропагандни содржини, кои во нивната форма и начин на подготовка личат на автентичниот новинарски текст, така што читателот/гледачот не може да ја разликува неговата пропагандна функција од новинарската содржина. Како пример служат додатоците и текстовите на „успешните“ приватни универзитети, новите производи или услуги од некои компании.
Параграф 5: Придонесот треба да се објави како резултат на процената и ангажманот на редакцијата, а не како компензација за рекламата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Пропаганда
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
Не може да се утврди
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови

