verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нова параноична епизода од политичките хајки

on 13 - 06 - 2016       

Janeva - Kurir

 

[Рецензија: Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ]

 

Не треба да се оди подалеку во анализата од насловот и поднасловот, „Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ“, „СДСМ и Катица Јанева започнаа отворање на ново поглавје во политичките хајки во режија на специјалното јавно обвинителство“, за да се увиди дека под нив ќе следува текст – своевиден параноичен напад на оваа институција. Притоа, во написот не се почитуваат основните стандарди во новинарството: вистинитост, пишување факти, повикување на извори, проценка за јавниот интерес за ваков текст…

 

FireShot Capture 17 - Катица Јанева по налог на СДСМ продолж_ - http___kurir.mk_video_katitsa-janeЛинк до оригиналниот напис: Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ

Датум и време на објавување: 09.06.2016 18:22

Датум на рецензирање: 10.06.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ПАРАНОЈА
Текстот почнува со тешка квалификација против специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и ја става во контекст на политичка поврзаност со опозициската партија СДСМ и со нејзиниот лидер Зоран Заев, од каде, според содржаното толкување, таа добивала наредби за својата работа.

За ова нема никакви факти, а неименуваниот извор на кој написот се повикува не може да се смета за сериозен и се доведува во прашање вистинитоста на кажаното.
Ваквиот пристап во новинарството не само што се граничи со невкус, туку има и сериозни елементи на навреда на една државна институција и на нејзиниот тим, за чие формирање, меѓу другите, гласале и членовите на политичката партија чии интереси текстот се обидува да ги одбрани.

„Евидентно е дека СДСМ нема ниту програма ниту пак визија за политичка борба на идеи и програми за да ја добие поддршката од народот… Жално е што во таа кампања на оцрнување специјалната јавна обвинителка Јанева не успеа да се оттргне од улогата на беспоговорен спроведувач на нарачките на Заев’.

ДРВЕН АДВОКАТ
Во текстот има истовремено и амбивалентен и апологетски приод во експлицитна оценка, при што Груевски се фаворизира, а истовремено за СЈО и за политичкиот противник се употребуваат негативни и напаѓачки зборови, атрибути и оценки.

„Овој најнов изблик на неинвентивна креативност на социјалдемојкратите и социјалдемократското специјално обвинителство има за цел обид за нанесување на штета на угледот на Никола Груевски, кој е најпопуларен македонски политичар со 3 пати поголема поддршка од струмичкиот градоначалник“.

Се прави обид актуелниот лидер на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се амнестира од каква било политичка или кривична одговорност и да му се подигне политичкиот рејтинг. Тоа се прави со отворено обвинување против Катица Јанева дека без причини поднела ццелосно нерационално барање за одредување некакви мерки против Никола Груевски:

„…кого што секојдневно може да го видиме низ македонските градови и села и кој претендира за нов мандат кој е потврден од граѓаните кои во огромна бројка му даваат поддршка“.

Ваквиот, непотпишан, новинарски производ, кој е продукт на параноја која владее во провладините медиуми, е директно спротивен на она што е само пред неколку дена разговарано, договарано и ветено и пред германскиот специјален пратеник за Македонија дека сите осомничени во прислушувањето мора да одговараат. Токму со таа цел партиите и се согласија да се формира Специјално јавно обвинителство, кое треба без пречки и со целосна поддршка од македонските институции да ја извршува својата работа.

Ова е уште еден текст ставен во функција на своевидна оркестрирана медиумска кампања која по куса пауза, повторно, но уште поагресивно од претходно, се води против СЈО заради остварување на одредени политички интереси на владејачката партија.

Повикувањето на домашните и на меѓународните новинарски стандарди и предупредувањето дека тие не се испочитувани, во овој случај е илузорно, бидејќи би требало тука да се препишат речиси сите членови од Кодексот на новинарите на Македонија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови