Низ ситото на пропагандата
Објавено во Рецензии
on 28 - 04 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Еве која увезена банда стои зад Шарената револуција на СДСМ и Заев]
Она што го разликува овој текст од една професионална, аргументирано образложена постапка на оваа тема е однапред поставената цел: да се влијае на мислењето и на однесувањето на колку што е можно поголем дел од публиката за да се предизвика негативна реакција во однос на политичките процеси.
Кога имате однапред поставена цел, сè што треба да се направи е рамката на таа цел да се пополни со содржина што ќе ја оправда целта. Но, таа постапка не e новинарска.
Линк до оригиналниот напис: Еве која увезена банда стои зад Шарената револуција на СДСМ и Заев
Датум и време на објавување: 25.04.2016
Датум на рецензирање: 28.04.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ДЕМОНИЗИРАЊЕ НА НЕПРИЈАТЕЛОТ
Бидејќи текстот што го рецензираме ги нема основните елементи за етички исправно и професионално новинарство како што се втората страна, политичка неутралност, сеопфатност…, ни останува да го „пропуштиме“ низ тестот за процена на пропагандните елементи во него за да провериме дали е ова навистина пропаганда или не.
Второто сито е постапката за демонизирање на непријателот. Демонизирањето се однесува на индивидуалци или групи кои изразуваат поинакво мислење од она владејачкото. Затоа, тие ќе се претставуваат како демони, како сили на злото, како луѓе што си ги продале сопствените души на сатаната, како непријатели на доброто на државата, како странски платеници и соработници на странски тајни служби, шверцери, наркомани, дилери, алкохоличари, хомосексуалци, расипници.
Текстот што го рецензираме е најдобра илустрација на оваа постапка.
Од таа постапка, во комбинацијата со техниката за континуирано повторување на една иста идеја, според Гебелсовата максима: „Ако кажувате доволно голема лага и ја повторувате, луѓето ќе почнат да веруваат во неа“, се очекува да преовлада вистината на само едната страна.
Овој текст, како и тезите во него, се едни и исти уште од пред една година кога се појави серија написи во истиот медиум и тоа на истата оваа тема (Ова е бандата експерти за државни удари која стои зад СДСМ и Заев!).
И, се разбира, последното сито на тестот за пропаганда е – пренасочување на вниманието.
Тоа е техниката кога вниманието од главните виновници, кои предизвикуваат одреден револт, се пренасочува кон други теми. Во овој случај, кон демоните и кон предавниците.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
нерелевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден