Ниту сто ѕвездички не го спасуваат текстот
Објавено во Рецензии
on 5 - 12 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија:Скандалозна изјава на Ван Хауте: „Престанете да сер*те“]
Ова е целосно недоличен напис кој ве остава без зборови. Ваква навредлива содржина никако не смеела да се пласира како новинарски текст.
Линк до оригиналниот напис: Скандалозна изјава на Ван Хауте: „Престанете да сер*те“
Датум и време на објавување: 01.12.2015, 21:24
Датум на рецензирање: 03.12.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА НЕВКУС
Идејата на оваа медиумска објава е да го нападне белгискиот олеснувач, Ванхауте и притоа користи исклучително непримерен речник кој се граничи со простотилак.
„Престанете да се*ете“- рекол европјанинот Ван Хауте на преговорите денеска. Во меѓувреме, Белгиецот како неурамнотежен викал и се заканувал кон жени во текот на сите преговори.“
Иако во овој пасус на едно место е ставена ѕвездичка (*), сепак тоа воопшто го намалува впечатокот дека е направена навредлива конструкција, која претставува олицетворение на невкус.
Всушност, овој коментаторски скроен материјал кој зрачи со анимозитет кон странскиот дипломат е преземен од друг медиум (кој подоцна го повлече текстот). Инаку, истиот ден, ваков идентичен напис – со мали варијации во насловот, проциркулира низ повеќе портали. Тоа, пак, остава простор за сомнеж дека е во прашање своевидна синхронизиран атак врз олеснувачот.
НАМЕНСКИ ТЕКСТ
Текстот не наведува прецизни извори на информации и не нуди никакви аргументи за да ги убеди читателите дека за време на преговорите навистина се случил таков „инцидент“. Тој изгледа како да е наменски правен и пласиран за да го дискредитира олеснувачот. Но, исто така, има цел да ја претстави во лошо светло опозицијата, а да ја воздигнува владејачката партија.
„Сето ова било премолчувано од страна на СДСМ и нивните експоненти, за разлика од разумното однесување и достоинствено спротивставување и одговор од страна на преставниците на ВМРО-ДПМНЕ.“
Несомнено дека во оваа медиумска содржина се прекршени повеќе одредби од новинарскиот Кодекс, поради што таа заслужува негативна оценка.
- Новинарот треба да објавува точни, проверени информации… Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (амандмнан 1)
- Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (амандман 13)
- Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти (амандман 14)
- Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.(амандман 15)
- Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности… (амандман 16)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови