verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ниту докази, ниту извори

on 18 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dokaz

[Рецензија: Експресно отстранет коментарот против ЛДП]

 

Написот што е предмет на оваа рецензија наликува на коментар оставен под некој статус на социјалните мрежи, а не на новинарски текст. Ништо во оваа објава не е јасно, таа само создава конфузија кај читателите.

Доказ.Мк Експресно отстранет коментарот против ЛДПЛинк на оригиналниот напис: Експресно отстранет коментарот против ЛДП

Датум и време на објавување: 14.07.2016

Датум на рецензирање: 18.07.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

КАША – ПОПАРА

„Незнаеме зошто но Ивон Величковски експресно го повлече коментарот од fb профилот на Либералната партија, со кој раководството на ЛДП беше обвинето дека се мафијаши и хохштаплери“.

Ова, по некоја логика, треба да биде веста во текстот. Од овој пасус се извлекува заклучок дека, наводно, лидерот на ЛП, Ивон Величковски, прво искоментирал дека ЛДП се мафијаши и хохштаплери, а потоа го повлекол коментарот.

Но, во текстот никаде нема доказ дека Величковски напишал такво нешто. Ниту, пак, може да се рабере што конкретно коментирал Величковски,  односно, за која постапка на ЛДП тој имал реакција на неговиот ФБ-профил. Па, читателот останува целиот збунет за што, всушност, се работи.

Во втората реченица, написот ја отвора дилемата дали некој интервенирал да се тргне коментарот или Величковски го сменил мислењето? Кое мислење и какви ставови? На една дилема, се наметнува уште една. И тука веќе станува каша-попара.

„Доказ ќе продолжи да ги следи ставовите на политичките партии и нивните недоследности. Ивон очигледно ја изгуби оваа битка против ЛДП“.

Убаво што медиумот ќе ги следи ставовите на политичките партии, но истите треба и доследно да ги пренесува, а не вака, како низ разговор со некој сосед.

Овој напис личи на сè освен на новинарски. Во него прво ја нема веста, а уште помалку изворите. Која е целта на овој текст останува непознато.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови