verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ништо од веста, само претпоставки

on 19 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #194 - 'Protesta përfundon para kohe përshkak Tensioneve mes aktivistëve të Besës I Aktpress_com' - aktpress_com_protesta-perf

Напис: Протестот завршува прерано поради тензиите меѓу активистите на Беса

Денешниот протест завршил порано од планираното поради тензиите кои се појавиле кај протестантите, поради оневозможувањето на едно одредено лице да држи говор. Организаторите му дадоа збор само на Ким Мехмети и на Беса како опозициски совет, и на никој друг, иако било планирано и други да држат говор.

Протестот заврши и поради тоа што „Шарената револуција“ ги чекаше своите протестанти да се вратат во нивниот протест.

 

[Рецензија:Протестот завршува прерано поради тензиите меѓу активистите на Беса]

Доволни се само неколку редови за да се разбере аматеризмот на дел од содржините на интернет-медиумите. Во последно време зголемен  е бројот на тие што претендираат дека прават новинарство на веб-просторот, но без да го опфатат и делот на претходни знаења за новинарската професија и почитувањето на етичките и професионалните стандарди.

Screenshot (87)Линк до оригиналниот напис: Протестот завршува прерано поради тензиите меѓу активистите на Беса

Датум и време на објавување:09.05.2016

Датум на рецензирање: 13.05.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Оваа содржина докажува со колкава несериозност ја работи некој оваа професија, која всушност има голема тежина и важност. За жал, овој факт многу лесно се злоупотребува од одредени личности. На пример, целиот текст на „таканаречената“ вест е една измислица на личноста која го напишала тој текст. Грешката станува очигледна уште од самиот наслов. На протестот присуствуваа голем број новинари и ниту еден не истакна дека имало такви проблеми. Напротив, протестот заврши како што беше планирано од организаторите на овој протест, а доказ е и тоа што што таму беа присутни десетина новинари кои беа известени за планот и за маршутата на протестот. Некои медиуми известија за недоразбирања меѓу опозициските партии на Албанците, но нималку за тензии кои предизвикале прерано завршување на протестот.

Јасно е дека текстот е тенденциозен. Во него се дискутира за тоа кому му е даден збор и кој е игнориран за говор. Изгледа како авторот на веста да зборувал претходно со организаторите и да знаел кој требало и кој не требало да држи говор. Освен ова, текстот не следи ниту едно новинарско правило. Нема ниту конкретни извори, ниту соговорници од засегнатите страни, ни цитати, ниту референции, ниту парафразирања, и др. И да беше вистина некоја од поставените тези во текстот, нејзината важност се губи во овој субјективен текст, кој претендира да биде информативен.

И последната реченица е крајно провокативна. Во неа се вели дека протестот на 9 мај заврши прерано затоа што „Шарената револуција“ ги чекаше протестантите да се вратат на нивниот протест. Овде станува збор за една култура на изразување која не соодвествува со една информативна содржина, а ниту видот и дозата на хумор, или иронија не ја отсликуваат реалноста. Ова е класично обвинение небазирано на ниту еден аргумент.

Во Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија, меѓу другото, пишува:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Секаква манипулација, клевета или излив на гнев е неприфатливо во нашата професија. Колку поневнимателни сме кон јавноста, толку помала ќе биде нивната почит.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови