Невистинита и тенденциозна насловна конструкција
Објавено во Рецензии
on 29 - 12 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Последен работен ден за Спасовски и Ременски – Владата се чисти од пржинските пучистички натрапници]
Имаме четиво кое сака да долови ефект на некаква си узурпација во Владата, предизвикана од присуството на министрите и на дополнителните заменици-министри – мерка предвидена со низа меѓупартиски договори. Текстот целосно ја занемарува реалната ситуација, како и неспорниот факт дека ВМРО-ДПМНЕ се согласи со таквиот чекор и дека самиот Никола Груевски се потпиша на документот. Оттука, за какви натрапници се зборува, какви тоа шарени приказни ѝ се сервираат на јавноста?!
Линк до оригиналниот напис: Последен работен ден за Спасовски и Ременски – Владата се чисти од пржинските пучистички натрапници
Датум и време на објавување: 27.12.2016, 14:10
Датум на рецензирање: 28.12.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ПРИСТРАСНОСТ
Ако кажеме дека „текстот по насловот се познава“, тогаш јасно е дека во конкретниот случај работата оди надолу. Пучисти и натрапници, и тоа сè во една реченица. Употребата на овие термини, ај што не е во ред, зашто е јасно дека коректен новинарски производ мора да има ниво на изразување, туку е и невистинито. Поточно, кадрите на опозицијата кои беа дел од Владата не влегоа во министерските кабинети своеволно, зашто така им беше ќеф, како што ни се сугерира, туку врз основа на сеопфатен политички договор од 2015 година, а дополнет годинава, кој беше прифатен и од самата владејачка партија. Ај што беше одобрен, туку беше и потпишан од самиот Никола Груевски. Затоа, како некој може да биде „натрапник“ ако претходно било договорено и одобрено неговото присуство.
Како да мириса на пристрасност, нели? Па, што и друго да се помисли откако ќе се прочита насловната конструкција:
„Последен работен ден за Спасовски и Ременски – Владата се чисти од пржинските пучистички натрапници“
Ова е во целосна спротивност со Кодексот на новинари кој нормира дека новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Значи, уште во ноември минатата година беше договорено дека опозицијата ќе има свои претставници во Владата, со прецизни ресори, која ќе треба да ги спроведе предвремените избори, кои по низа одложувања, се одржаа на 11 декември годинава. Затоа, ќе кажеме дека не држи вода тврдењето за некакви пучисти во владата.
Јасна е нишката на пристрасност што го води текстот. Не дека не е информација заминувањето на опозициските министри и заменици-министри, што впрочем е предвидено во договорот од јули 2016 година, туку прашањето е зошто е така пласирана. Имаме примери на соодветно пласирање на веста.
А, овој напис, пак, ја има доблеста на оригиналност, туку наверјотано бил ископиран од друго место, но само со „залепен“ тенденциозен наслов.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
има во насловот
има во насловот
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
во насловот
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови