Неуверлива објава
Објавено во Рецензии
on 24 - 02 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: На Заев и Шекеринска не им се допаднаа скечевите за СДСМ, па ја напуштија „Бубамара”]
На овој текст тешко може да му се верува. Во него нема видеозапис кој може да ги убеди читателите дека Заев и Шекеринска навистина ја напуштиле манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, како што се тврди уште во насловот на текстот. Ниту, пак, се посочуваат цврсти докази дека тоа го направиле демонстративно, затоа што, наводно, не им се допаднале скечевите на Сашко Коцев.
Линк до оригиналниот напис: На Заев и Шекеринска не им се допаднаа скечевите за СДСМ, па ја напуштија „Бубамара”
Датум и време на објавување: 19.02.2016, 14:23
Датум на рецензирање: 22.02.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
ТУКА НЕШТО НЕ ШТИМА
Овој текст е преземен од друг портал (што е наведено, но не е линкуван) и во него нема што конкретно кажал водителот, односно што било тоа што ги навредило првите луѓе на партијата, за тие да си заминат од „Златна бубамара“. Во написот само се вели:
„Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, и неговата партиска колешка Радмила Шекеринска, вчеравечер, си заминаа од шоуто Златна Буба Мара на популарноста, додека водителот Сашко Коцев на бината кажуваше скечеви за нивната партија, објави порталот НетПрес.“
Во текстот уште се наведува дека „во скечевите актерот Коцев го исмеваше случајот со корупцискиот скандал на Заев и специјалната јавна обвинителка“. И толку. Од напишаното не може да се разбере што точно било кажано за да се најдат погодени Заев и Шекеринска. И, како тоа скечевите биле навредливи за претседателот и за заменичката на претседателот на СДСМ, а не биле навредливи за другите партиски функционери ?!
„До крајот на шоуто останаа присутни другите членови на највисокото раководство на партијата – Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Весна Бендевска, Рената Десковска и Дамјан Манчевски.“
Сепак, тука нешто не штима!
Исто така, нормално е во еден новинарски производ да се постави и дилемата дека Заев и Шекеринска можеби ја напуштиле манифестацијата поради состанок, неодложни обврски, партиски проблеми… А, кага веќе се пишувало за „настанот“, можело и да се побара официјален став од партијата. Така, читателите би добиле комплетна информација.
Онака, пак, како што е пласиран текстот, покажува дека неговата намерата е да ги дикредитира првите луѓе на опозицската партија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови