verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неточните вести го носат медиумот во изолација

on 4 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #053 - 'Përçarje në LSDM_ Zaev e çoi partinë në izolim' - www_zhurnal_mk_content__id=161161752238

Напис: Раздор во СДСМ: Заев ја однесе партијата во изолација

Скопје, 16 јануари – Угледни функционери на СДСМ се незадоволни од однесувањето на лидерот Зоран Заев за време на преговорите во Пржино. Тие велат дека во седиштето на партијата владее раздор по синоќешното фијаско во преговорите, известува „Прес 24“.

„Поради неговата погрешна и нестабилна политика, партијата сега е во една целосна меѓународна изолација. Од многу ветувања, добивме ситуација по која веќе нема да можеме да влеземе во ниту една странска амбасада. Сега веќе не е важно кога ќе се одржат изборите, бидејќи по ова синоќешното, на сите во партијата им е јасно каков ќе биде епилогот“, рекол еден висок функционер за порталот „Прес 24“.

Според порталот, членството е дополнително демотивирано и се очекува пораз на избори за да може Заев да си замине од партијата и да остави простор за реструктурирање и за почеток како што треба.

 

[Рецензија: „Раздор во СДСМ: Заев ја однесе партијата во изолација”]

Тие што ги следат редовно медиумите во земјава, многу едноставно знаат да прават разлика помеѓу објективната и сомнителната информација, често без да ја прочитаат содржината, туку само според медиумот што ја пренесува. И новинарите ја познаваат добро својата работата и ги препознаваат тенденциозните тонови на колегите. Така што, кога ќе решат да емитуваат една тенденциозна работа на колегите од другиот медиум, значи дека тоа го прават свесно и со иста намера како таа на колегата. Во спротивно, пред да ја објават, прво ќе ја потврдат информацијата.

 

rec01111111111Линк до оригиналниот напис: Раздор во СДСМ: Заев ја однесе партијата во изолација

Датум и време на објавување: 16.01.2016

Датум на рецензирање: 25.01.2016

Рецензент: Бенјамин Арифи

Текстот што е предмет на рецензија зборува за состојбата во партијата СДСМ веднаш по разговорите со комесарот Јоханес Хан во Пржино. Всушност, албанскиот медиум текстот целосно го презел од еден македонски медиум, и не се потрудил да ги потврди тврдењата на медиумот од каде што и ја презел веста.

„Лидерот на СДСМ синоќа се изгубил во разговорите во Пржино. Учесниците во разговорите велат дека тој се однесувал многу чудно и неколкупати меѓународниот фактор бил принуден да му се обрати со повисок тон и со недипломатски речник за да го врати во реалниот свет“, пренесува „Журнал“.

 Овие тврдења на македонскиот портал, албанскиот медиум ги зел здраво за готово и не се ни обидел да побара потврда од спомената странка во текстот, во конкретниот случај партијата СДСМ и нејзиниот лидер, Зоран Заев. Во текстот, новинарот во ниеден случај не остава простор за сомнеж во врска со тврдењата на медиумот од каде што ја презел веста, иако во оригиналниот текст тврдењата се поткрепуваат само со анонимни извори.

Инаку, еден професионален новинар, врз основа на Кодексот на новинарите на Македонија, е обврзан во случај кога не може да се потврди веста, да го нагласи овој факт.

„Новинарот треба да објави вистинити и потврдени информации и нема да скрие есенцијални податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди и доколку се работи за претпоставка, односно шпекулација, ова треба да се нагласи… Новинарите треба да прават разлика помеѓу фактите и мислењата, меѓу вестите и коментарите“.

Текстот не личи на вест и неговата намера е јасна – дискредитација на претседателот на СДСМ. Меѓународните посредници, пак, во текстот се употребени како изговор за да се зголеми уверливоста за тоа што е напишано.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови