Неразработена информација и несоодветна фотографија
Објавено во Рецензии
on 28 - 01 - 2017 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: Апокалиптично пророштво-доаѓа крај на светот]
Објавата е сочинета од нафрлени и неразработени информации, кои не даваат никаква конкретна целина, а сензационалистичкиот наслов служи за привлекување читатели.
Линк до оригиналниот напис: Апокалиптично пророштво-доаѓа крај на светот
Датум и време на објавување: 23.01. 2017
Датум на рецензирање: 28. 01. 2017
Рецензент: Димитар Тануров
КАДЕ Е НАПРАВЕНА ФОТОГРАФИЈА?
Насловот е сензационалистички и привлекува внимание. Иако најавува некакво ненаучно и непотврдено гледање, наведува на кликнување, што веројатно и била идејата.
Фотографијата која се користи, според едни информации е направена во Грција, според други – во Саленто. Временскиот период кога е направена и авторот на фотографијата засега не може да се одреди. Поради тоа во прашање се доведува нејзината соодветност.
Beauty of Greece …snow by the sea ! pic.twitter.com/L1BV3q61cM
— Effie Siroccos (@effiemou39) January 10, 2017
#Sottomarina Ha il suo fascino#MarieMonti @abusivissimo pic.twitter.com/r25vYdpYgG
— Enrico (@IVekkio) January 7, 2017
Информацијата, која според категоријата во што е објавена, „Свет“, би требало да претставува вест, но ако се погледне целосната содржина, се забележува дека не се запазени новинарските стандарди, односно не се одговара на клучните прашања што треба да се одговорат во главата на веста. Наместо тоа, се дава нејасен цитат, кој не е ниту прецизно идентификуван.
„Од Саленто со палми и јужните ветрови, до снежно Саленто … Два дена снег, два удари во небото, знам дека ова е крај на светот, напишана од Tafuri“.
А КОЈ Е ТАФУРИ?
Нејасно е кој е „Тафури“ и кога е дадена изјавата. Имајќи предвид дека станува збор за вест од актуелна категорија, се добива впечаток дека е изјава на некоја личност од денешницата, а не за познатиот италијански филозоф, Матео Тафури, кој е познат како „италијанскиот Ностардамус“ и кој живеел од 1492 до 1582 година. Тој своевремено рекол дека врнежите од снег, кои ќе треаат два последователни дена во италијанскиот град Саленто, кој е познат по својата блага клима, ќе бидат најава на апокалипсата.
Сепак, во веста овие информации не се разработени. Отворајќи ја веста со мислата на филозофот, се прави обид да се прикаже временската состојба и прогноза во овој италијански град.
Написот се коси со новинарските стандарди, пред сè затоа што и во полесните вести кои се објавуваат во рубриките како, на пример, „Забава“, „Живот“, задолжително се почитуваат новинарските стандарди на разработување на информацијата, но со помала „строгост“ во однос на формулирањето. За жал, тука информациите само се нафрлани, недообјаснети и читателот не добива никаква претстава ниту за кој филозоф станува збор, за што тој зборувал, ниту, пак, за сегашната временската состојба на југот на Италија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
Не може да се утврди
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови