Неразјаснетите прашања ја оставаат јавноста без информација
Објавено во Рецензии
on 29 - 08 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
[Рецензија: Македонија, Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2015 година]
Текстот што го рецензираме се однесува на усвојувањето на ребалансот на буџетот на Македонија за 2015 година. Текстот информира за усвојувањето на ребалансот на буџетот и ја пренесува изјавата на министерот за финансии, Зоран Ставревски, но не дава никакво објаснување што тоа значи за граѓаните.
Линк до оригиналниот наслов: Македонија, Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2015 година
Датум и време на објавување: 20.08.2015
Датум на рецензија: 24.08.2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Задача на новинарот е да ги разјасни работите. Од текстот не може да се разбере ниту каде се скратени ниту каде се додадени средства. Буџетот е едно од најважните прашања за функционирање на државата и тој се пополнува со средствата на граѓаните. Новинарот треба да истражи и да информира како се трошат овие пари. Штурото пренесување на соопштението дека е усвоен ребалансот на буџетот воопшто не ја информира јавноста.
„Со 62 гласа за и 7 против, Собранието на Република Македонија денес попладне ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот за 2015 година. Заменик-премиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, денеска, образложувајќи го Буџетот за 2015 година, во рамките на 62-та седница на Собранието, истакна дека реализацијата на Буџетот за 2015 година во првите седум месеци беше подобра од очекувањата, додека собраните средства беа поголеми од планираните.“
Текстот, од друга страна, не е целосен, бидејќи не ја опфаќа и „втората страна“, во овој случај опозицијата. Иако во моментов Собранието на Република Македонија работи без пратениците на најголемата опозициска партија – СДСМ. Би било од интерес за јавноста во овој текст да беше пренесен и ставот на опозицијата.
На овој начин би се покажало дека медиумите можат да помогнат да се засили демократијата и таму каде што има обиди таа да се задуши. Така, дополнувајќи ја информацијата, но и придонесувајќи кон водење дебата, на јавноста би ѝ се овозможило да разебере подобро дали проектите на Владата се добри за нив или не.
Една од главните мисии на медиумите, како „четврта власт“, е да помогнат во развојот на демократијата, па затоа во нејзиниот простор треба да има колорит од мислења за секое прашање од интерес за јавноста.
Во меѓувреме, новинарот треба добро да ја разбере темата за која информира и откако ќе ја анализира добро информацијата, треба да ја комплетира и да ја објави. Во спротивно, медиумот ниту информира како што треба ниту ја игра важната демократска улога што му припаѓа.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
нема лажни информации
наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови