verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непроверената информација не е вест, туку озборување

on 24 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

maktel

[Рецензија: ДРАМА ВО АРХИВ НА МАКЕДОНИЈА: СЈО ГО УАПСИЛО ФИЛИП ПЕТРОВСКИ ВО НЕГОВАТА КАНЦЕЛАРИЈА, ПО ИСПРАШУВАЊЕ ЦЕЛ ДЕН БИЛ ПУШТЕН!]

 

Написот е шпекулативен, пренесува непроверени информации, а истовремено и коментира за да се направи спин и да се наруши угледот на директорот на Државниот архив на Македонија, Филип Петровски.

filip petrovski МактелЛинк до оригиналниот напис: ДРАМА ВО АРХИВ НА МАКЕДОНИЈА: СЈО ГО УАПСИЛО ФИЛИП ПЕТРОВСКИ ВО НЕГОВАТА КАНЦЕЛАРИЈА, ПО ИСПРАШУВАЊЕ ЦЕЛ ДЕН БИЛ ПУШТЕН!

Датум и време на објавување: 13.01. 2017

Датум на рецензирање: 23.01.2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

РЕКЛА – КАЖАЛА

Сензационалистичкиот наслов сам по себе најавува каков текст може да се очекува, односно сензационализам, кој ќе привлече читатели. Показател за тоа е првиот дел од насловот, односно употребата на зборот „драма“, како и формулацијата  „СЈО го уапсило“. Според надлежностите на Специјалното јавно обвинителство, тоа нема надлежност за апсење, ниту за приведување, дури и за сослушување, личноста треба уредно да биде повикана.

Според категоријата, но и формата, написот претставува вест. Но, тоа што е спорно е немањето доволно извори. Целиот текст се темели на неофицијални, анонимни извори, односно на рекла-кажала, што е спротивно на новинарските стандарди. Добиените информации мора да се проверат што е можно подетално. А, во случај да не може да се добие потврда на информацијата, тоа треба да се наведе во написот.

„Од вработени во оваа институција дознаваме дека екипи на СЈО, две специјални обвинителки и 5 истражители, заедно со бодигарди и останати технички лица, со 5 коли влетале во архивот и направиле вистинска опсада!“

Ова е показател за еднострана информација. Според новинарските правила, секоја дојава треба да се провери најмалку од два независни и различни извори. Во конкретниот  случај, целата приказна, пред да биде објавена, требало да биде потврдена од Специјалното јавно обвинителство, од Министерството за внатрешни работи, но и од самиот директор на Архивот. Во случај, пак, наведените институции да одбиле да одговорат, тоа треба да биде наведено во текстот.

Нема ниту потврда од СЈО за тоа дека добиле дојава за уништување документација во Архивот ниту, пак, дека заплениле некакви материјали.

На крајот од написот се вадат неосновани коментаторски заклучоци за причините за објавите на Петровски на социјалните мрежи, како и за тоа дека вработените се свртеле против директорот. И овие тврдења не се проверени.

Начинот на кој е напишан текстот е спротивен на професионалните стандарди и на принципите утврдени во Кодексот на новинари, кој налага детално проверување на информациите, јасно наведување на изворите, обезбедување професионална дистанца при информирање и правење разлика меѓу вест и коментар.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови