Непроверена приказна, пренесена како неприкосновена вистина
Објавено во Рецензии
on 30 - 10 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер!]
Овој напис ја дезинформира јавноста дека министерот за здравство ја напушта функцијата, а него ќе го замени пратеник од редовите на владејачката партија. И, тоа го прави уште со самиот наслов во кој тврди: „Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер“, што подоцна се покажа неточно.
Линк до оригиналниот напис: Никола Тодоров поднесе оставка, ова е новиот миистер!
Датум и време на објавување: 26.10.2015, 13:11
Датум на рецензирање: 27.10.2015
Рецензент: Оливера Војновска
НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА
За што, всушност, станува збор?
Текстот се повикува на друг медиум – има и линк, но проблемот е во тоа што не ја проверува веста. Се потпира само на (дез)информациите до кои дошол порталот, кој, пак, користи неофицијални и анонимни извори. Имено, веб-страницата од каде што е преземена веста, врз основа на раскажувањето на неименувани „високи партиски извори“, тврди дека изминатиот викенд (24-25 октомври ) во ВМРО-ДПМНЕ се случувала драматична внатрепартиска караница. при тоа, премиерот Груевски, наводно, му рекол на Тодоров:
„…во понеделник да си ги спакува работите и да си замине од министерството…“
„…и дека нов министер за здравство ќе биде досегашниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Ромео Тренов.“
Оригиналниот текст не нуди докази за ваквите наводи, туку само шпекулира.
Дополнително, како поткрепа на приказната што ја плете, посочува копија од официјален документ, „оставката на Ромео Тренов која за време на викендов пристигнала во Собранието“. Меѓутоа, споменатиот пратеник ја депонирал оставката во парламентот поради заминување на сосема друга функција – независен член на Одборот на директори на новоформираното акционерско друштво „Водостопанство“.
Материјалот што го рецензираме, пак, не се ни обидел да ја провери целата приказна, туку ја пренел како неприкосновена вистина. Спак, излезе дека е во прашање неточна информција.
Непрофесионален потег што се коси со стандардите на етички исправното новинарство кои налагаат:
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (прв амандман од новинарскиот Кодекс)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
прикажува невистина
не може да се утврди
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен автор и извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови