Непрофесионално и пристрасно
Објавено во Рецензии
on 16 - 09 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Не е лесно во Битола да си директор освен ако си партиски]
Навистина е во право читателот на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ) кога наведува серија недоследности што воопшто не соодветствуваат со познатите стандарди за еден професионален новинарски текст.
Како прво, нејасна е мотивацијата за текстот и неговата медиумска вредност, кога целиот текст почива на фотографии стари неколку месеци и тоа од една сосема рутинска активност.
Освен тоа, читателот на СПФМ со право реагира и кога наведува дека за тврдењата во веста оти родителите и децата биле присилени да учествуваат во уредувањето на училишниот двор, нема извор кој може да го потврди тоа. Некој од родителите. Тоа не е професионална постапка.
Линк до оригиналниот напис: Не е лесно во Битола да си директор освен ако си партиски (фото галерија)
Датум и време на објавување: 13.09.2015
Датум на рецензирање: 15.09.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Читателот наведува и серија други пропусти како што е, на пример: погрешната локација на училиштето, фотографијата која треба да потврди партиски активности на директорката на училиштето, а на фотката ја нема директорката…
Сѐ на сѐ, овој текст едноставно си поставил цел да го проблематизира угледот на директорката на едно основно училиште во Битола, но за тоа нема никакви аргументи и тоа го прави сосема пристрасен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
Нема извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови

