Непрофесионално и незаконско е објавување анкета без сите релевантни податоци
Објавено во Рецензии
on 14 - 11 - 2016 Автор: Fatlume Dervishi
Напис: Нова анкета: ДУИ 9, БЕСА, 7, ДПА 4 %
Како што се приближуваат изборите, продолжува да се стеснува разликата меѓу партиите на власт и опозицијата. Според последната анкета објавена на македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ останува во водство со само 2 отсто во споредба со СДСМ.
Реализираната анкета со 1.600 анкетирани, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ сега има рејтинг од 27 отсто, додека СДСМ има 25 проценти, пренесува весникот „Лајм“. Исто таква мала разлика има и меѓу ДУИ и движењето Беса. ДУИ сега има 9 отсто рејтинг, Беса 7 отсто, додека ДПА има 4 проценти.
[Рецензија: „Нова анкета: ДУИ 9, БЕСА, 7, ДПА 4 %“]
Се претпоставува дека од анкетите треба да произлегуваат бројки и статистики, кои ќе го направат написот поубедлив. На читателот му е полесно да направи проценка, кога ја гледа разликата или прашањето преведено во бројки. Токму поради ова, манипулацијата со тие бројки е полесна. Особено пред избори. Анкетите се многу чести во овој период, но при нивното објавување, важно и правилно е да се знае кој, за каква цел и со каков метод ја направил анкетата. Објавување на анкетите без овие податоци не само што е надвор од професионалните правила, туку и од законските.
Линк до оригиналниот напис: „Нова анкета: ДУИ 9, БЕСА, 7, ДПА 4 %“
Датум на објавување: 08.11.2016
Датум на рецензирање: 10.11.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Информацијата за резултатите на анкетата, објавена на ТВ „Шења“ во врска со претходните информации од весникот „Лајм“, зборува за една сè потесна разлика во рејтингот на политичките партии од власта и од опозицијата во Македонија. Меѓутоа, единствената информација за методологијата на анкетата е бројот на анкетирани лица.
„Според последната анкета објавена на македонските медиуми“ е референца на авторот, што не објаснува ништо.
„Реализираната анкета со 1.600 анкетирани, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ сега има рејтинг од 27 отсто, додека СДСМ има 25 отсто, пренесува весникот „Лајм“. Исто таква мала разлика има и меѓу ДУИ и движењето Беса. ДУИ сега има 9 отсто рејтинг, БЕСА 7 отсто, додека ДПА има 4 проценти“.
Не се кажува кој ја направил анкетата, кој институт или агенција. Ова е многу важно. Разни агенции имаат разни нивоа на доверба во јавноста. Потоа, не се кажува кој ја нарачал (обично, пред изборите, најчести нарачатели се самите политички партии), како е реализирана (преку телефон или од врата до врата) и која е границата на грешка во резултатите. Има дозволени граници врз основа на методологиите, со што се добива и сигурност дека анкетарот ја извршил работата врз основа на правилата и дека резултатите се точни. Повеќе за ова можете да прочитате во лекцијата за употреба на анкетите во новинарските написи „Анкетите како доказ или како алатка за манипулација“.
За анкетите посредно може да се најде правило и во Прирачникот за етика во новинарството, каде што пишува:
„Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација имајќи ги предвид сите важни аспекти на темата што се третира“.
Анкетирањето има неколку правила кои треба да се почитуваат при реализацијата. Овие правила обезбедуваат сигурност на резултатите. Инаку, објавените информации врз основа на анкетита, без податоци за методологијата и без наведување на агенциите за анкети, оставаат многу простор за сомнежи.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови