verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непотврдена вест – непрофесионална практика

on 2 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #211 - 'Exclusive_ Prekopuca fiton 5 mijë euro shpërblim, shpërblehen edhe gjithë_' - www_zhurnal_mk_content__id=1652810464959

 

Напис – Ексклузивно: Прекопуца добива 5 илјади евра награда, наградени и сите други членови на ДИК, дали има злоупотреби?!

Скопје, 28 мај – Друг скандал ја тресе Македонија. Агенцијата за вести „Журнал“ дознава дека деветте членови на ДИК добиле награда од 5.000 евра секој поради нивната работа во врска со организирањето на изборите кои не успеаја да се одржат на 5 јуни.

Заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, добил 5.000 евра награда врз основа на една одлука што ја усвоила ДИК веднаш откако Собранието донесе одлука изборите во Македонија да не се одржат на 5 јуни.
Со оваа одлука не се обогати само Прекопуца со 5.000 евра, агенцијата за вести „Журнал“ дознава дека и другите осум членови на ДИК добиле награда од 5.000 евра поради нивната работа во врска со организирањето на изборите на 5 јуни.

Инаку, сите други вработени во администрацијата на ДИК, што е позната како професионална служба, добиле награда по една просечна плата, од околу 20.000 денари.

„Журнал“ ќе бара објаснување за овој скандал за тоа како е можно членовите на ДИК да се наградат со 5.000 евра од државниот буџет, ќе бара објаснување од Антикорупциската комисија дали државните пари се злоупотребуваат во време кога Македонија е во криза.

 

[Рецензија: Ексклузивно: Прекопуца добива 5 илјади евра награда, наградени и сите други членови на ДИК, дали има злоупотреби?!]

Ништо не ѝ штети повеќе на довербата на читателот кон медиумот, од ширењето непотврдени информации. Тие лесно се забележуваат, токму поради фактот што им недостигаат извори и изјаснувања на страните што би го поддржале тоа за што зборува авторот.

Zhurnal - Exclusive - Prekopuca fiton 5 mije euro shperblimЛинк до оригиналниот напис: Ексклузивно: Прекопуца добива 5 илјади евра награда, наградени и сите други членови на ДИК, дали има злоупотреби?!

Датум и време на објавување: 28.05.2016, 10:46

Датум на рецензирање: 31.05.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Текстот почнува со „Друг скандал ја потресува Македонија“, како „вештачки“ метод за да се привлече вниманието на читателот. Предмет на веста се членовите на Државната изборна комисија, за кои се тврди дека зеле „награда“ по 5.000 евра од буџетот за организирање на изборите. Но, на јавноста не ѝ се дава објаснување зошто главната цел бил заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, или зошто и во насловот и во текстот, акцентот е ставен кај него, не спомнувајќи со име ниеден од другите осум членови на Комисијата.

„Друг скандал ја тресе Македонија. Агенцијата за вести „Журнал“ дознава дека деветте членови на ДИК добиле награда од 5.000 евра секој поради нивната работа во врска со организирањето на изборите кои не успеаја да се одржат на 5 јуни.

Заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, добил 5.000 евра награда врз основа на една одлука што ја усвоила ДИК веднаш откако Собранието донесе одлука изборите во Македонија да не се одржат на 5 јуни.

Откако ги објавил непотврдените информации, авторот го известува читателот дека ќе се труди да ги потврди истите. Како за почеток, авторот требало да го анализира предвидениот буџет за организирање на изборите на 5 јуни, што е јавен податок, и да анализира дали споменатите суми се или не се предвидени во тој буџет или за што се предвидени. По ова, требало да се искористат спомнатите извори од самиот автор, официјалниот став на ДИК, на Антикорупциската комисија, дури и на самиот заменик-претседател Прекопуца, како човек ставен на „нишан“ во текстот.

„Инаку, сите други вработени во администрацијата на ДИК, што е позната како професионална служба, добиле како награда по една просечна плата од околу 20.000 денари.

Би се сметало за скандал само доколку се утврдеше дека уплатите не биле предвидени со буџетот на ДИК за организирање на изборите и потоа се утврдеше дека истите се навистина реализирани.

Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија порачува:

Потребата за брзина никогаш не смее да ја ризикува точноста, кредибилитетот и професионалноста на трудот.

Новинарот може да објави нешто за кое нема и толку докази, но за кое има доволно индикации дека е вистина, односно нешто за кое постои основан сомнеж. Основаниот сомнеж подразбира презентација на аргументи кои се разумни и се индикација дека нешто е вистина, без да се има конкретни докази за вистинитоста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

ниеден извор

ниедна страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови