Неосновани напади за дискредитација на амбасадорот Бејли
Објавено во Рецензии
on 6 - 02 - 2017 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: КОМПЛЕКС НА ОПШТЕСТВЕН ПАРАЗИТ: Група соросоиди закачени на дојката на УСАИД со иницијатива да го бранат Бејли од Конгресот на САД!]
Коментаторски и сензационалистички текст кој тенденциозно се обидува да ја дискредитира работата на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и да го обвини за нешто без потврда, докази и без аргументи. Написот користи недоличен и навредлив говор. Истакнати личности се нарекуваат „паразити“ кои се „хранат од дојката на УСАИД и Сорос“.
Линк до оригиналниот напис: КОМПЛЕКС НА ОПШТЕСТВЕН ПАРАЗИТ: Група соросоиди закачени на дојката на УСАИД со иницијатива да го бранат Бејли од Конгресот на САД!
Датум и време на објавување: 02.02. 2017
Датум на рецензирање: 05.02.2017
Рецензент: Симона Атанасова
ИЗВИТОПЕРУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА
Текстот тврди дека некои професори, интелектуалци, новинари, (не е наведено на кого се мисли, па се остава на имагинацијата на читателот да одлучи за кого станува збор), прават злоупотреба на фондовите на американската влада.
„Паразит „интелектуалците“, неколкумина професори кои сеуште се хранат од дојката на УСАИД и Сорос, новинари кои не би знаеле како да работат кога не би постоела злоупотребата на фондовите на американската влада, најавија иницијатива за одбрана на Амбасадорот на САД Џес Бејли“.
Ова е апсолутно испревртување на вистината затоа што финансиите од УСАИД се доделуваат преку посебни критериуми и услови кои мора да ги исполнат тие што конкурираат за тие пари, дадени преку разни проекти. И тие суми ги доделува УСАИД, а не ги злоупотребуваат „неколкумина професори“ и „новинари“, како што тврди текстот. Воопшто нема доказ што ќе го потврди обвинувањето дека парите се злоупотребувани, што ја прави оваа констатација неповерлива и невистинита.
ТЕНДЕНЦИОЗНИ ОБВИНУВАЊА
Во написот се вели дека амбасадорот Бејли ја дерогирал државата, Уставот и законите и дека, наводно, бил „осомничен“ за политичката криза. Не е посочен ниту еден релевантен доказ дека напишаното е вистина. Напротив, амбасадорот Бејли беше посредник во постигнувањето на Договорот од Пржино, кој четирите најголеми политички партии го потпишаа за излегување од политичката криза.
„Покренувањето на истрагата од страна на Конгресот на САД во работата на Бејли пристигна откако неколку светски медиуми пренесоа дека во Македонија од страна на Амбасадата на САД биле злоупотребени фондовите на УСАИД со цел финансирање и поддршка на една политичка опција во земјата. Освен тоа, Бејли во светските медиуми беше обвинет за вмешување во внатрешните работи на државата“.
Се користи фразата „светските медиуми“, иако не е јасно за кои медиуми станува збор. Нема ниту цитат од тие написи, ниту линкови што водат до нив за читателите да можат да се уверат дека имало такви пишувања во странски медиуми и дека, како што се тврди, Бејли бил обвинет за вмешување во внатрешните работи на земјата.
Дури и да имало некои таканаречени медиуми кои го пишувале тоа, не значи дека напишаното е точно и релевантно.
ДЕМАНТ
Напротив, од Стејт департментот стигна потврда дека американската администрација има целосна доверба и ја поддржува работата на амбасадата и на амбасадорот Бејли.
Исто така, нејасно е како Бејли бил „чадор“ и како осомничените во „Пуч“ биле под негова заштита. Недостига потврда што би можела да го поткрепи ова тврдење.
Без докази, текстот тврди дека Кристина Каранакова е десна рака на амбасадорот Бејли и дека во јавноста, наводно, била обвинета за вршење притисок врз судиите и врз обвинителите во државата заради донесување одлуки во корист на барањата на СЈО. Не е наведен ниту еден релевантен доказ што може да ја потврди ова констатација истресена од ракав.
Сè на сè, празен текст кој нафрла обвиненија и оркестрира напади за да се дискредитира работата на американскиот амбасадор Бејли. Напис конструиран само на празни, непотврдени и на неаргументирани обвинувања, кој ја наведува читателската јавност на погрешни заклучоци.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови