Немало важечка одлука кафетериите во Гостивар да работат на начин “Земи и оди”
Објавено во Рецензии
on 18 - 05 - 2020 Автор: АдминФото: Илустрација
Владата на Северна Македонија не донесе одлука кафетериите во Гостивар да работат на начин „Земи и оди“. Истото не би се случило ниту на 1-ви мај, а медиумите што така известиле, дезинформирале. Овој заклучок доаѓа од прегледот на известувањата на централната и локалната власт
Линк до оригиналниот напис: „Во Гостивар од утре кафетериите ќе работат според моделот „Земи и оди“ Në Gostivar që nesër kafeteritë fillojnë punë me modelin ‘Merr dhe shko’”.
Датум на објавување: 30.04.2020
Датум на рецензија: 30.04.2020
Рецензира: Фатбарда Цури
Наслов што дезинформира
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, на својата официјална страница на Фејсбук објави дека Кризниот штаб го прифатил неговиот предлог кафетериите во Гостивар да започнат со работа во форма „Земи и оди“. Врз основа на оваа објава, медиумите ја објавија информацијата „дека од 1-ви мај кафетериите во Гостивар ќе започнат со работа во форма „Земи и оди“ и тоа токму со таков наслов.
„Од утре кафулињата во Гостивар ќе можат да им служат на своите клиенти на начинот „Земи & оди“, ова го најави градоначалникот на Гостивар во изјава дадена за медиумите. Кафеаните ќе бидат отворени до почетокот на полицискиот час“ – се наведува во статијата што ја разгледуваме.
Оваа информација беше дезинформација, заради фактот што предлогот, навистина поминал на Кризниот штаб, но не и на седница на Влада.
Дека одлуката на Кризниот штаб не е официјализирана, извести и Таравари, но исто така може да се дознае и од владините решенија кои беа одобрени на 30 април, а кои не вклучуваат отворање на кафулињата во Гостивар.
„Почитувани гостиварци,
Иако денеска во групата на кризниот штаб, добивме информација дека кафетериите можат да работат по моделот земи и оди, сега гледам дека се уште оваа одлука не е официјализирана. Затоа ве молам, уште овој викенд да бидеме стрпеливи, додека ни стигне и писмено известување од централниот кризен штаб. Се со цел, никој да нема никакви правни последици, ги молам сите кафетерии во градот Гостивар, утре да не започнат со работа, туку да ја причекаме одлуката и писмено да ни стигне до понеделник“, се вели во објавата на Таравари.
Прекршени новинарските принципи и манипулацијата со јавноста
Со објавувањето на овие информации, медиумот го прекршил основниот принцип на новинарството, во кој се вели дека „објавените информации мора да се засноваат на точни и потврдени извори“.
Ова значи дека пред да ја објави информацијата добиена од ФБ статусот на Таравари, медиумот требало да ја провери информацијата и од друг извор.
Бидејќи информацијата се поврзува со вонредната состојба на пандемијата од вирусот „Ковид-19“, може да се оцени дека медиумот ја изманипулирал јавноста користејќи го концептот „повик на авторитет“, опишан и во прирачникот КриТинк. Ова се случува кога медиумите ги пласираат информациите во јавноста како точни, само затоа што истаите се соопштени од некое службено лице.
Појаснувањето го дали самиот Таравари. За да влезе во сила неговиот предлог, тој мора да се одобри во Владата, со прелиминарен предлог од Комисијата за заразни болести. Централните власти, да потсетиме, неколку пати соопштуваа дека нема да донесат одлуки што ќе важат за одредени општини, туку за целата држава.
Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.