Нема равенство меѓу урбаниот вандализам и пустошот на ИД
Објавено во Рецензии
on 19 - 04 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: ИСИС уништуваше спомен обележја во Палмира, Зоран Заев во Скопје (ФОТО)]
Бесрамен спин. Медиумска пропаганда и обид за изедначување на случаи на урбан вандализам во Скопје, со неповратно уништување на бесценети историски артефакти во Сирија.
Линк до оригиналниот напис: ИСИС уништуваше спомен обележја во Палмира, Зоран Заев во Скопје (ФОТО)
Датум и време на објавување: 17.04.2016, 14:02
Датум на рецензирање: 18.04.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
СПИН И ПРОПАГАНДА
Медиумската спин-машина „уфрли“ во повисока брзина – протестите во Скопје против чинот на групно помилување, како и случаите на нагрдување на дел од објектите од „Скопје 2014“, почна да ги споредува со цивилизациското безумие на Исламската држава, која зад себе остава пустош, уништувајќи историско наследство што му припаѓа на човештвото. Ова е опасна манипулација, без дилеми. Знак на равенство не може и не смее, барем не во нормална медиумска средина, да се стави меѓу овие две ситуации.
Во случајот со Скопје, не зборуваме за трајно уништување на објектите, туку за нивно, ете, да го наречеме, и делумно оштетување, со тоа што врз нив се фрла со бои, јајца или, пак, се прекриени со графити. Значи, не се работи за непоправлив чин. Да, одзема пари и време. Да, тоа спаѓа во категоријата вандализам, ама секако не е исто што и кревањето во воздух на илјадници години стари објекти, мавзолеи, музеи, како што тоа го прават фундаменталистите во Сирија, Ирак и во Авганистан.
ГРАЃАНСКИОТ РЕВОЛТ НЕ Е КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД
Понатаму, Исламската држава, според бројни експерти, како дел од својата стратегија на уништување артефакти, всушност, врши културен геноцид.
„Ова уништување претставува нова фаза во културолошкото чистење што се спроведува во регионите под контрола на екстремистите“, вели Ирина Бокова, директорка на УНЕСКО. (изјава дадена по уништувањето на библиотеката во Мосул)
Во Скопје не станува збор за такво нешто, туку за изразување граѓански револт, насилните акти секако не се за оправдување, поради конкретна политичка одлука и ситуација во земјата. Луѓето, преку нагрдувањето на спомениците и објектите од „Скопје 2014“, испраќаат порака до власта чиешто „чедо“ или, ако сакате, „дијамант во круната“ и симбол на моќта на владејачката партија е токму тој, за некои грандиозен, за други мегаломански проект. За тоа говорат и пораките испишани на Порта „Македонија“, како, на пример: „Ова е народ“, „ВМРО никад више“, „Смрт на фашизмот, слобода на народот“…
Друг сериозен спин е дека, наводно, демонстрантите се против македонската историја чии сегменти се наоѓаат на Порта „Македонија“.
„Ова се спомен обележјата, посветени на македонската историја кои им пречат на дивите орди организирани од Зоран Заев.“
Едно е демонстрантите да бидат против „Скопје 2014“, што и јасно го искажуваат, ама да се каже дека се против сопствената историја е манипулација, зашто фрлањето јајца по портата не значи дека тие ги омаловажуваат настаните релјефирани на неа. Не, тие се противат на политиката на една елита, манифестирана и отелотворена токму преку разни порти, барок, антички споменици…
Пропагандистичко четиво кое може да направи голема белја, ако се најде во раце на дезинформиран и погрешно упатен човек.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
може да предизвика реакција
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови