verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема позитивни епидемиолози на коронавирусот во Институтот за јавно здравје

on 9 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Двајца епидемиолози од Институт за јавно здравје позитивни на Ковид 19 ]

Текстот што го рецензираме уште во насловот дезинформира дека: „двајца епидемиолози од Институтот за јавно здравје се позитивни на коронавирусот“. Од Институтот за јавно здравје ги демантираа ваквите тврдења.

Линк до оригиналниот напис:Двајца епидемиолози од Институт за јавно здравје позитивни на Ковид 19

Датум и време на објавување: 06.06.2020

Датум на рецензија: 07.06.2020

Рецензент: Силвана Жежова

Текстот изнесува непроверени информации за наводно заболени епидемиолози, што е непрофесионално , а дополнително ја компромитира и работата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) чиишто вработени ги вршат епидемиолошките анкети. ИЈЗ ја има една од најважните улоги за справување со коронавирусот и секоја изнесена невистина во врска со работењето, посебно во услови на зголемен број на заболени, може да предизвика паника кај граѓаните.

Двајца епидемилози кои работат во Институтот за јавно здравје се позитивни на Ковид 19, неофицијално дознава Скопје Инфо. Неофицијално, заразата кај овие две лица сериозно ќе се одрази на понатамошната работа на институтот за јавно здравје со оглед на тоа дека вкупниот број на епидемиолози кои работат во оваа институција е пет. 

Институтот за јавно здравје ги демантираше овие информации и соопшти дека ниту еден од вработените не е позитивен на Ковид 19.

Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца,  Ова е официјална информација од Инстутот за јаво здравје потврдена од директотот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана. Официјалните информации за состојбата со Ковид 19  се објавуваат на интернет страницата на Институт за јавно здравје и на страницата на Министерство за здравство, се вели во ДЕМАНТОТ на Институт за јавно здравје.

Во текстот понатаму се тврди дека намалениот број на епидемиолози ќе се одрази врз работата на ИЈЗ и дека ќе биде намален бројот на тестирани, што, исто така, е шпекулација. Информацијата за којашто медиумот „неофицијално дознава“, пред да биде објавена требало да биде проверена во институцијата за која се пишува, во случајот – Институтот за јавно здравје.

Со изнесување на непроверени и шпекулативни информации се прекршува првиот член од Кодексот на новинари.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно, се вели во првиот член од Кодексот на новинари.

Во борбата со коронавирусот една од најважните улоги на медиумите е да пласираат точни и проверени информации, наспроти оние кои може да предизвикаат паника кај граѓаните. Надлежните институции и новинарските здруженија постојано апелираат до медиумите да се повикуваат на официјални информации кои ги даваат Министерство за здравство и Институт за јавно здравје, бидејќи ширењето на шпекулации и дезинформации не е од јавен интерес, посебно во услови на пандемија.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област. 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ