Нема лек за непрофесионален напис
Објавено во Рецензии
on 17 - 02 - 2017 Автор: Ferikan Iljazi
Напис: ДУИ бара услуга од ВМРО: Уништете ја Беса!
Резултатите од изборите од 11 декември им ги расипаа сите есапи и на ВМРО, но и на нејзиниот партнер, албанската партија ДУИ. Заедничка точка на овие две партии и нивната борба полна со инает е кон Движењето Беса. На ВМРО ѝ пречи редефинирањето на Беса, а на ДУИ ѝ пречи сè што има врска со Беса, затоа што Беса ѝ нанесе голема штета на партијата на Ахмети не само на терен, туку насекаде. Сега, ДУИ на Али Ахмети спасот го бара кај „брат“ Никола, молејќи го да ја уништи Беса што побргу. Народот вели: Од овие можеш да очекуваш сè и сешто! ДУИ заедно со ВМРО можат да монтираат лажни факти од секаков вид и ова не е нешто ново. Самиот факт што оваа партија секогаш измислува обвинувања од секаков вид за Движењето Беса, нè тера да се сомневаме дека ДУИ сега спас и егзистенција бара кај ВМРО, велејќи ослободете ме од оваа неизлечива болест „бесафобија“. Али, ако дијагнозата ти е „бесафобија“, тогаш, знаеш што велат: за стравот нема лек!
[Рецензија: „ДУИ бара услуга од ВМРО: Уништете ја БЕСА“]
Сè додека се придржуваме на новинарските стандарди на кои сме се заколнале кога сме ја прифатиле оваа одговорна задача, нема да имаме никаков проблем со веродостојноста, читаноста или гледаноста, затоа што читателите знаат да оценат кој работи совесно, а кој работи за нечии туѓи интереси. Треба да се прави разлика меѓу веста и коментарот, меѓу лагата и вистината, и јавноста да не се „бомбардира“ со сé и сешто, било тоа да е нешто потребно или непотребно.
Линк до оригиналниот напис: ДУИ бара услуга од ВМРО: Уништете ја БЕСА!
Датум и време на објавување: 03.02.2017
Датум на рецензирање: 09.02.2017
Рецензент: Ферикан Илјази
Овој напис е преполн со коментари и повеќе наликува на еден есеј, напишан во момент или состојба на збунетост. Во текстот нема обид „стравот“ што го има ДУИ од Движењето Беса да се докаже со факти или конкретни ситуации, туку комотно се ределе коментари по желба и волја на авторот.
„Резултатите од изборите од 11 декември им ги расипаа сите есапи и на ВМРО, но и на нејзиниот партнер, албанската партија ДУИ. Заедничка точка на ове две партии и нивната борба полна со инает е кон Движењето Беса. На ВМРО ѝ пречи редефинирањето на Беса, а на ДУИ ѝ пречи сè што има врска со Беса, затоа што Беса ѝ нанесе голема штета на партијата на Ахмети не само на терен, туку насекаде.“
За да се истакне уште повеќе коментаторската природа, во написот се употребени зборови или народни изрази, а е утврдена и емоционалната состојба на една личност. По сè изгледа авторот се обидел да игра неколку улоги, само не и таа на новинарот.
„Сега, ДУИ на Али Ахмети спасот го бара кај „брат“ Никола, молејќи го да ја уништи Беса што побргу. Народот вели: Од овие можеш да очекуваш сè и сешто! ДУИ заедно со ВМРО можат да монтираат лажни факти од секаков вид и ова не е нешто ново. Самиот факт што оваа партија секогаш измислува обвинувања од секаков вид за Движењето Беса, нè тера да се сомневаме дека ДУИ сега спас и егзистенција бара кај ВМРО, велејќи ослободете ме од оваа неизлечива болест „бесафобија“. Али, ако дијагнозата ти е „бесафобија“, тогаш, знаеш што велат: за стравот нема лек!“
Што можеме да додадеме на ова, освен да ги употребиме зборовите од крајот на овој напис и да истакнеме дека доколку не се почитуваат начелата на новинарството, за ваков вид непрофесионализам – нема лек!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови