Нема да ви се верува што поминува низ коридорот на пропагандата
Објавено во Рецензии
on 4 - 07 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Леџери: Од новата маршрута ќе има повеќе бегалци отколку од Турција]
Не може да биде поинаку оценето освен како манипулација кога во новинарството некое тврдење не може да биде поткрепено со докази или аргументи, или кога, што е уште понепрофесионално, се препознава обид да се подметне нешто што не е вистина.
Во овој конкретен случај со текстот што го рецензираме, никако не може да се прифати знак на еднаквост меѓу изјавите на директорот на Фронтекс, Леџери, и на претседателот Иванов, бидејки Леџери зборува за еден друг коридор (тој преку Италија), а Иванов зборуваше за закана од бегалци повторно преку Балканот.
Тоа е таа манипулација што ја препознаваме и која ја користи суштината на играње со стравовите на граѓаните.
Манипулацијата е главно во наднасловот и во насловот, а потоа и во првиот пасус на текстот, но тоа е доволно да се обои медиумската содржина со однапред подготвена теза која треба да предизвика вознемиреност.
Но, набргу се открива дека ова е сосема наместена теза.
Линк до оригиналниот напис: Од новата маршрута ќе има повеќе бегалци отколку од Турција
Датум и време на објавување: 03.07.2016, 14:23
Датум на рецензирање: 04.07.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
МАНИПУЛАЦИЈАТА НА ВИДЕЛИНА
Препознавањето на оваа манипулација излегува на виделина кога ќе се споредат овие два пасуса во текстот. Еве го првиот:
„Тој предупредува дека новиот мигрантски бран со кој ќе се соочи Европа уште летово ќе биде поголем и од државјани на африканските држави. Ваквата оценка на Леџери сосема се совпаѓа со информациите на претседателот Ѓорге Иванов во минатонеделното интервју дадено за „Дневник“. Иванов тогаш предупреди дека институциите и кризниот менаџмент во државата мора да се мобилизираат за да бидат спремни да го дочекаат новиот и поголем бран на бегалци што ни претстои“.
Во овој пасус се употребува констатацијата „ваквата оценка на Леџери сосема се совпаѓа со информациите на претседателот Ѓорге Иванов во минатонеделното интервју дадено за ’Дневник’“, што воопшто не е точно кога ќе прочитате вториот пасус. Повелете:
„- Не, кризата не е надмината. Луѓето с` уште бегаат, дури имаме повеќе бегалци отколку порано – предупредува директорот на Фронтекс коментирајќи дека ситуацијата на Балканот засега е мирна, но дека се отвора нов центар преку кој мигрантите стигнуваат во Европа, а тоа е преку рутата северна Африка – Италија и тоа 13 до 14 пати повеќе отколку што сега го прават преку Турција и Грција, а со тоа и во нашата држава.“
Значи: Иванов зборуваше за повторна закана од бегалци преку балканскиот коридор, додека Леџери зборува за коридорот низ Италија.
За какво совпаѓање тука може да станува збор?!
Оваа постапка оддава една намера да се создаде загриженост, иако за тоа нема основа. Барем не директна за Македонија, иако приказната за бегалците како за хуманитарна катастрофа е секогаш загрижувачка.
Но, наместо еден сеопфатен, деликатен пристап на оваа тема, пред нас е едностран, политички мотивиран текст кој поради тие слабости е детачиран од професионалните новинарски стандарди.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови