Нема да ви се верува што гатаат новинарските „баба Ванѓи“
Објавено во Рецензии
on 29 - 06 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Баба Ванѓа предвиде: Европа исчезнува во 2016!]
Со каков „новинарски“ текст си имате работа ќе ви стане јасно уште по првиот негов пасус. Еве, уверете се сами:
„Во Европа во 2016 година речиси да ќе нема никаков живот, континетото ќе изгледа опустошено и разорено. Европа ќе биде речиси ненанселена, а пред тоа ќе се случат низа катастрофи, предвиде пророчицата Ванѓа чии визии се сотваруваа во скоро 85 проценти од случаите.“
И внимавајте сега! Не само што Европа не е опустошена и ненаселена, што е општо познат факт дури и за „новинарите гатачи“, истите тие и во завршницата на реченицата не отстапуваат од нивната идеја дека визиите на Ванѓа се „остваруваат во 85 проценти од случаите“.
Оваa констатација, дека 85 проценти од гатањата на бабата се оствариле, е досега најбисерна новинарска поента.
Штета што немаат извор и статистика да го потврдат тоа. Ги предизвикуваме ние, од „Сервисот за проверка на фактите“, да нè соочат со тој факт.
Со огромно задоволство ќе се извиниме.
Линк до оригиналниот напис: ЕУ Баба Ванѓа предвиде: Европа исчезнува во 2016!
Датум и време на објавување: 26.06.2016, 21:28
Датум на рецензирање: 28.06.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
НЕБУЛОЗИ И ПРАЗНОВЕРИЕ
И што повеќе да се рецензира, кога клучниот 85-процентен факт нема аргументи? Дали дека исчезнала Европа од насловот на ова гатање? И тоа, внимавајте! Ќе исчезне Европа, а не Европската Унија, што е полесно да се изгата. Аме не, Европа ќе исчезне.
Дури и да земеме дека овој текст бил за подбив и за забава, тоа што во него се повикуваат на британскиот таблоид „Експрес“ и дека „бреккситот“ бил доказ дека Европа ќе исчезне.
Тоа е втората невистина во овој текст. Никаде во текстот на „Експрес“ не се поменува „брексит“. Освен тоа, текстот во овој британски курирски медиум е посветен на баукот и заканата од исламот, а не на „брекситот“. Освен тоа, објавен е на 8 декември 2015 година.
И на крајот, но не помалку важно, за врската меѓу крајот на светот (по којзнае кој пат), фаталната нумерологија и одржувањето на Соборот на православните цркви на Крит кој почна на 16.6. 2016 година. Иииии, три шестки…. Многу несериозно. Небулози, суеверија и евтини новинарски пакувања.
Во ред. Можеби оваа медиумска содржина има публика. Ама, гледам, живи и здрави се. По којзнае кој пат!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови