Неимар нема да оди во затвор
Објавено во Рецензии
on 23 - 02 - 2017 Автор: Зоран Бојаровски
[Рецензија: Жалбата е одбиена: Неимар две години зад решетки!]
Каков заклучок да извлече од оваа медиумска содржина читателот. Популарниот фудбалер ќе оди во затвор или не?!? Насловот гласно вика: „Неимар две години зад решетки!“, а внатре во текстот пишува:
„Тоа значи дека и да е прогласен за виновен, Нејмар нема да оди во затвор, со оглед на тоа дека претходно не бил осудуван. Исто така, тоа значи дека Неимар нема да мора евентуално да ја напушти Барселона“.
Како може да се помисли дека вакви две, толку спротивставени становишта е можно да има во еден новинарски текст, е навистина несфатливо.
Тоа е суштинската грешка во овој тескт, но не помалку грешка е и во една иста реченица еднаш да напишете „Нејмар“, а вториот пат „Неимар“. Во име на професионалниот однос кон професијата.
Линк до оригиналниот напис: Жалбата е одбиена: Неимар две години зад решетки!
Датум и време на објавување: 20.02.2017, 21:46
Датум на рецензирање: 22.02.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
АМАТЕРСКА ПОСТАПКА
Ако се обидеме да лоцираме некое логично објаснување за оваа аматерска постапка, тоа е дека единствената намера била да се добијат колку што е можно повеќе кликнувања. Бидејки ваков категоричен наслов, врзан за една многу позната, планетарна фудбалска ѕвезда, секако ќе донесе кликнувања. Но, тоа е крајно непрофесионално и манипулативно.
Манипулативна е и фотографијата, која во овој случај имала задача само да ја поткрепи медиумската „измама“, а, внимавајте, судската постапка и не е завршена!
Освен сето ова, овој текст е проблематичен и од асект на изворот на информациите. Извор нема. Текстот е пишуван како да се случувал во соседството на медиумот!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
лажни информации
не аплиактивно
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови