Недозволено ширење паника од непроверени ФБ-муабети
Објавено во Рецензии
on 19 - 09 - 2016 Автор: Димитар Тануров
Објавата не може ниту да се нарече новинарски напис, затоа што во неа нема никаква додадена вредност од новинарска гледна точка, туку претставува целосна копија на статус објавен на социјалните медиуми, без никаква поткерепа.
Линк до оригиналниот напис: Теорија: Вработените во Музеј на Македонија нагло умираат?!
Датум и време на објавување: 10.07. 2016
Датум на рецензирање: 18. 09. 2016
Рецензент: Димитар Тануров
Таканаречениот напис е објавен во категоријата „Живот“, која според својата сериозност и тежина дозволува отстапување од новинарските стандарди. Сепак, и за овие информации постојат правила за пишување. Јазикот можеби и не мора да биде литературен, дозволен е послободен израз, но сепак тој треба да ги следи стандарите. Во случајот, објавата е буквално пренесена од социјалната мрежа „Фејсбук“, а истовремено ниту е направено конвертирање од латиница во кирилица. Ова е недозволиво ниту за блог, а не па за медиум, кој претендира да се прикаже како сериозен.
„Smrtnosta vo Muzej na Makedonija dostignuva frapantni razmeri(denes nov pogreb). Mladi lugje(1960, 67-ma, 74-ta) umiraat na sekoi nekolku meseci! Brojot na zaboleni od rak gi nadminuva site lokalni i megjunarodni proseci – i izgleda deka nikomu ne mu e gajle! Ova nema vrska so politika zasto trae mnogu odamna – i eskalira!“
Од содржинска гледна точка, објавата содржи лично мислење на лице, за кое, според објавата и коментарите, може да се претпостави дека е вработено во Музеј на Македонија. Сепак, и тоа е само претпоставка, никаде не е наведено кое е лицето и зошто е меродавно за да се објави неговото мислење. Истовремено, во објавата има само нафрлени податоци, без никаква поткрепа. Ваквите податоци создаваат паника. Должноста на новинарот е ваквите податоци да ги поткрепи со соодветни факти, кои би укажале на некаквата евентуална поврзаност на смртните случаи (кои претходно, исто така, треба да ги провери како факт) со зградата на Музејот на Македонија.
На ваквите објави не им е место во медиумите, пред сè затоа што во таква форма пласирани можеби се и дезинформации, а можат да создадат и паника. Претпоставената цел – зголемена посетеност на медиумот – не е никаков аргумент за објавување на вакви новинарски „производи“, де факто принтскинови од социјални мрежи на кои им се става само наслов и тоа аматерски и нелогичен.
Написот е во спротивност со повеќе членови од Кодексот на новинари:
Член 1
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Член 7
Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.
Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.
Член 13
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови