verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Недостигот на потврда го зголемува бројот на кликнувања, но ја губи довербата

on 23 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Zënka-në-BDI-pas-emërimit-të-Nezirit-për-shef-shtabi-Iliria-News-Agency-crop-resize

 

[Рецензија: Кавга во ДУИ по именувањето на Незири за шеф на штабот]

Веста што ја рецензираме не содржи ниту еден доверлив елемент врз основа на кој се пишува една информација или вистинска новинарска вест. Како што може да се види од објавениот текст, авторот се обидел да прикаже една состојба, атмосфера меѓу партиските кадри на ДУИ, но овој свој навод или констататија, не го поткрепува со изјава, фотографија или видеоснимка, како што би требало да се направи при подготовка на една професионална вест.

Zënka në BDI pas emërimit të Nezirit për shef shtabi   Iliria News AgencyЛинк до оригиналниот напис: Кавга во ДУИ по именувањето на Незири за шеф на штабот

Датум и време на објавување: 09/09/2015

Датум на рецензија: 16/09/2015

Рецензент: Бењамин Арифи

Единствената основа којa на авторот му се чинела како доволен извор е информацијата пренесена од порталот „Тетова сот“, кој што, исто така, не консултирал ниту еден извор и не понудил никаков аргумент.

Народната поговорка дека „една невистина повторена многу пати станува вистина“, не треба да се употреби во светот на медиумите, поради нивната света мисија за правилно информирање на јавноста. Пренесувањето на непотврдените информации од другите медиуми создава еден магичен круг и информативна замагленост која ја намалува вредноста на веста, на вистинската информација.

Професионалниот новинар секогаш треба да работи потпирајќи се врз принципите на новинарскиот кодекс, каде што јасно е наведено дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже… Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Информацијата од оваа природа за поделби во албанската партија на власт буди интерес кај јавноста и го зголемува бројот на кликнувања, но занемарувајќи ги професионалните принципи. Секако дека новинарите треба да ја следат секоја информација дека се случило такво нешто. Тоа несомнено е од јавен интерес. Но, непотврдените информации не се доволни, а во конкретниот случај, најмалку што требало да се направи, било да се побара официјален став од ДУИ и да се контактира со лицата што се наведени со име во овој напис.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови