verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ОБНОВЕНО: Недоистражена приказна

on 6 - 12 - 2015       

Невеста од Албанија, жртва на семејно насилство живее во_ - http___tv21.tv_mk_

[Рецензија: Невеста од Албанија, жртва на семејно насилство живее во спортската сала во Кавадарци!]

 

Реакција на рецензијата долу.

 

Рецензираме приказна за типична општествена ситуација, сè почеста на нашите простори, која е преточена во социјална репортажа. Во неа се презентирани автентични факти, сепак, без амбиција да се направи и истражувачка сторија за што имало доста елементи.

Приказната е склопена и очигледно извира од судските ходници. Авторот, кој се потпишал со полно име и презиме, се обидел да ги слушне сите страни во судскиот процес и автентично да ја пренесе приказната на несреќната жена. Но, тоа не е доволно за целовит содржински приказ на една семејно-социјална драма.

Невеста од Албанија, жртва на семејно насилство живее во_ - http___tv21.tv_mk_Линк до оригиналниот напис:
Невеста од Албанија, жртва на семејно насилство живее во спортската сала во Кавадарци!

Датум и време на објавување: 02.12.2015

Датум на рецензирање: 04.12.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

НЕВЕСТИ ОД АЛБАНИЈА
Приказната е малку стереотипна, но во заднината го отвора проблемот со таканаречени невести од Албанија, процесот кој во овој регион на Македонија го форсираа и неколкумина градоначалници како модел на „добра практика за водење популациона политика“: Невести од Албанија се носат за 1000 евра, Старите ергени по невести од Албанија. Преку анализа на случај во самата приказна, авторот можел овој феномен малку повеќе да го истражи и да ја прикаже и „другата страна на медалот“, со што би се осветлила заднината на целиот настан.

„25 годишната Назмије Донов од село Оснат – Поградец, Албанија, пред две години се омажила во Македонија во градот Кавадарци. Но нејзината брачна среќа не траеше долго по раѓањето на првото дете. Назмијие Донов објаснува дека е жртва на насилство, откако нејзиниот маж секој ден вршел насилство врз неа, а подоцна била и избркана од куќата каде што живеела. Таа сега живее во една спортска сала, додека нејзиното дете останува кај семејството на нејзиниот маж.“

 

НЕКОМПЛЕТНА СТОРИЈА

Приказната е склопена врз емотивниот исказ на несреќната жена и врз кратката изјава на нејзината адвокатака.

„Нејзината адвокатка, Даниела Илиева истакна дека на нејзината клиентка е изврешна неправда, откако таа е прогласена како лице која врши насилство врз нејзиното дете и има забрана да го види.“

Центарот за социјални работи и полицијата се спомнуват само периферно, како институции што ѝ обезбедиле нужно сместување во текот на зимата.

„Таа веќе две недели е сместена во спортска сала од центарот за социјална работа и Министерството за внатрешни.“

Прилогот не дава одговори на прашањата дали и кој одлучил детето да остане кај таткото, дали порано било пријавено семејно насилство и кој и како на тоа реагирал. Отсуството на овие одговори ја прави оваа сторија некомплетна.

Репортажата, како највозвишена новинарска форма, низ една фина нарација поткрепена со факти може да даде детален и продлабочен приказ на некој општествен или социјален проблем. Но, тоа, за жал, во овој случај не е докрај направено.

 

Редакцијата на Сервисот за проверка на факти во меидумите (СПФМ) на социјалната мрежа Фејсбук доби реакција на оваа рецензија од претставник на редакцијата на ТВ21. Овде ја пренесуваме во целост:

Рецензијата е парцијална и прави огромен превид  – не го зема предвид целиот серијал од неколку стории за случајот со невестата од Албанија објавен на ТВ21, туку само една од сториите. Во другите епизоди од сторијата се опфатени и адвокатите на двете страни (што е главната и суштинска забелешка на рецензијата), а новинарката се обиде да стапи во контакт и со Албанската амбасада. Запазен и се сите новинарски стандарди.

Еве линк од продолжетокот на сторијата, кој ги содржи оние информации за кои рецензентот спета дкеа не се истражени. Кога има вест во низа, фер е рецензентот да ја рецензира целата серија, а не само дел од неа: http://tv21.tv/mk/?p=60880

 

Почитувани колеги,

Ви благодариме на Вашата реакцијата на горната рецензија. Станува збор за недоразбирање. СПФМ не рецензира вести во низа или барем не додека не се објави целиот серијал. Во оваа прилика не е наведено дека станува збор за серијал и затоа е дојдено до недоразбирањето. Ќе ни биде задоволство да ја проследиме целата серија на написи и евентуално да се навратиме на неа по нејзиното целосно објавување, доколку би имало потреба за тоа. Во секој случај, се извинуваме за недоразбирањето.

Со почит,

Редакција СПФМ

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови