verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неаргументирано лепење етикети

on 6 - 11 - 2015       

recenzija-11-oktomvri-crop-resize

 

Рецензија: СКАНДАЛ: Активисти на СДСМ ја нападнаа директорката на ОУ „11 Октомври“ (ВИДЕО)

 

Ова е крајно тенденциозен и невистинит текст. Притоа воопшто не е содржаен, тој е едностран и необјективен. Во него ја има само едната страна, што го прави непрофесионален. Насловот е сензационалистички и предивикува внимание, но тој е невистинит.

recenzija 11 oktomvriЛинк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Активисти на СДСМ ја нападнаа директорката на ОУ „11 Октомври“ (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 30.10. 2015, 15:57

Датум на рецензирање: 04.11.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Насловот воопшто не ја доловува вистината на тоа што се случуваше тој ден во ова училиште. Притоа, без докази и аргументи, родителите се нарекуваат активисти на СДСМ. Дури и да се членови на оваа опозициска партија, тие, пред сè, се родители. И како што самите изјавија на средбата со разрешената директорка, тие се грижат за образованието на своите деца. Се разбира, тој дел го нема во видеозаписите што се објавени од овој медиум.

Втората „грешка“ во насловот е тврдењето дека родителите ја нападнале директорката. Од видеоснимките, пак, никаде не може да се заклучи тоа. Од приложеното се гледа дека тие вербално се расправаат, што не значи и дека ја нападнале (како физичка закана). Или ако се сакало без двоумици да излезе овој наслов, можело да се каже дека родителите вербално ја нападнаа директорката.

„Незаконските смени и политички пресметки на грб над децата од денес и официјално потврдени. Со решение на Државната комисија, потврдено е дека градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, спротивно на закон ја разрешил директорката на ОУ „11 Октомври“,  Даниела Костадинова.  Како партиската одлука на Жерновски да не беше доволно скандалозна, дваесетина родители од училиштето, инаку активисти на СДСМ, направија обид за линч во училиштето.“

И овој пасус не соодветствува со целата вистина. Со решението на Државната комисија повторно е назначена Костадинова за директорка, но според соопштението од Општина Центар и за в.д. директорот Васко Лазаревски во тек е управна постапка каде течат рокови. Поради тоа не може да се тврди дека Општина Центар незаконски ја разрешила поранешната директорка.

Тоа може да се види во медиумите што ја пренесоа изјавата и на в.д директорот, која овој медиум, чиј текст го рецензираме, не нашол за потребно да ја пренесе. А еве што изјави тој:

„На советот се утврди дека валиден во моментот сум јас сè до завршување на постапката што ја почна разрешената директорка. Госпоѓата Костадинова моментално е во канцеларијата на секретарката, јас во директорската канцеларија. Според законот, разрешената директорка треба да се врати  во нејзиното матично училиште „Рајко Жинзифов“, а таа дојде и без завршена постапка се претставува како директор. Воспитно-образовниот процес ќе продолжи да се одвива според наставните планови.“

Исто така, не е точно дека родителите насилно влегле во канцеларијата на директорката. Телевизиите објавија видеоснимка во која се гледа како в.д. директорот ја отвора вратата и медиумите без насилство, заедно со родителите, влегоа во канцеларијата.

„За тоа колку овие луѓе се дојдени тука да бранат деца или политичка опција, јасно говори фактот што еден од родителите во канцеларијата на директорката извикуваше „Нема правда, нема мир“, слоган на партиските протести на СДСМ.“

И овој пасус ја извртува вистината. На снимките не може убаво да се види дали еден од родителите навистина го кажал овој слоган, но и да е така, тој никако не може да се поврзе со СДСМ. Имено, слоганот беше актуелен за време на граѓанските протести кои во мај и во јуни се случуваа во Скопје (за убиството на Мартин Нешковски – н.з.).

Овој текст во целост ја извртува вистината. Притоа ги нема сите засегнати страни, ја нема реакцијата од Општина Центар, а ја нема ниту изјавата на в.д. директорот. Сето тоа го прави текстот непрофесионален, поради што беше и предмет на рецензија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови