Не секој текст е вест
Објавено во Рецензии
on 25 - 07 - 2015 Автор: Fatlume Dervishi
[Рецензија: И по скандалите со „бомбите“, Муса Џафери има образ да им го честита Фитр Бајрам на муслиманските верници]
Шпекулативните наслови не се дел од етичкото и професионално новинарство. Но, исто толку важни при објавувањето на вестите се и основните начела што треба да ги содржи еден текст за да се смета за вест.
Линк до оригиналниот наслов: Рецензија: И по скандалите со „бомбите“, Муса Џафери има образ да им го честита Фитр Бајрам на муслиманските верници
Датум и време на објавување: 17.07.2015
Датум на рецензијата: 19.07.2015
Рецензент: Фатљуме Дервиши
Текстот што го рецензираме најпрвин ги нема потребните елементи на една вест. Тој, едноставно, пренесува една изјава, но не е напишан со елементите што ја определуваат една вест.
Освен што се работи за осакатена „вест“, таа има и шпекулативен наслов. Новинарот покажува субјективност и едностраност, употребувајќи речник што сугерира омаловажување.
Притоа, текстот има само еден пасус каде што се пренесува честитката за празникот Бајрам. Ништо во тие малку редови не го потврдува тоа што е напишано во насловот.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
ПРИСТРАСНОСТ
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
шпекулира
некреативен
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови