Не се сите експерти за верување
Објавено во Рецензии
on 19 - 07 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Избори на 11 декември – СДСМ со план за продолжување на кризата]
Ако се земе како пример оваа медиумска содржина, од неа можат да се извлечат една добра и една лоша новинарска практика.
Добрата ја илустрира ситуацијата дека кога се земаат податоци од анонимни извори, тоа треба да се прави во рамките на она што е прифатливо од таквите извори: информациите од нив да бидат на ниво на факти и на навестувања што произлегуваат од нив. Најважно од сѐ, кога веќе мора да останат анонимни, е да има некоја гаранција дека се работи за извори што се непосредни „иматели“ на тие информации, односно факти што ги соопштуваат непосредните актери на процесите од кои произлегуваат тие информации.
Она што мора да се направи во една професионално стандардна постапка, е таквата информација да се вкрсти со други извори и информации за да се намали степенот на шпекулација. Така сугерира и членот 1 од Кодексот на новинарите:
Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Во случајот на медиумската содржина што ја рецензираме, степенот на шпекулација останува прилично висок, бидејки недостига тоа вкрстување со друг извор на информации.
Сепак, професионалниот „грев“ од таквата постапка е далеку помал од лошата практика содржана во овој текст.
Линк до оригиналниот напис: Избори на 11 декември – СДСМ со план за продолжување на кризата
Датум и време на објавување: 18.07.2016, 10:50
Датум на рецензирање: 19.07.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
А ЗОШТО АНОНИМЕН ЕКСПЕРТ?!
Таа лоша практика се вградила во оваа медиумска содржина во моментот кога е побарано мислење од експерти. И тоа повторно анонимни.
Како прво, во овој случај, нема никаква причина експертот да биде анонимен. И не само во овој случај. Зошто воопшто некој експерт би бил анонимен?! Тој не е засегната страна и изнесува експертско мислење, неутрално, врз основа на својата стручност, а не политичка определба и приклонетост.
Во случајот на новинарската содржина што ја рецензираме, мислењето на експертот е крајно шпекулативно и претставува проекција од една пристрасна позиција. Еве, проверете сами:
„Експертите велат дека целта на СДСМ е и по изборите, да продолжи со креирање тензии и да се обиде да го спречи формирањето на нова влада и на тој начин нивните министри да останат на функциите уште подолг период без да бидат избрани од граѓаните“.
Оваа изјава нема елементи на експертски став, туку е политички коментар со вокабулар многу близок на владејачките политички лидери. Искусниот новинар и рационалната публика не е тешко да го препознаат тоа.
Оттаму, ако искусните новинарски професионалци добијат ваква изјава од една страна, тогаш мора да побараат уште едно, второ, експертско мислење. Така ќе се обезбеди непристрасно и избалансирано известување и професионална дистанца од политичките субјекти, како што налага член 14 од Кодексот на новинарите.
Ако не се направи тоа, останува, како во случајот на оваа медиумска содржина, чувството на недоверба во понудената информација.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
соодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови