Не се огласил Шумахер, туку е активиран неговиот ФБ-профил
Објавено во Рецензии
on 16 - 11 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: ФОТО: Шумахер се огласи по долго време – фановите пресреќни]
Сензационализам, невистина и непрецизност. А зошто е тоа така? Па, секако, заради повеќе публика.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Шумахер се огласи по долго време – фановите пресреќни
Датум и време на објавување: 15.11.2016, 10:13
Датум на рецензирање: 15.11.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ПРЕД СÈ!
Преземен текст, ама ептен сензационалистички преработен за да „навлече“ повеќе кликнувања. Во насловот бомбастично се соопштува: „Фото: Шумахер се огласи по долго време…“, но, вистината е поинаква. Шумахер не се огласил, туку станува збор за активирање на негови профили на дел од социјалните мрежи за што е одговорен тимот за односи со јавноста на семејството Шумахер. Прва сервис-грешка. Споменатото ФОТО е, всушност, преобјавување на некои фотографии од неговата богата кариера во Формула 1 и воопшто не станува збор за „фотка“ од самиот Шумахер по несреќата за чија приватност се грижи огромен персонал околу него.
И откако кончено публиката ќе увиди дека била медиумски насамарена, доаѓа завршниот удар во формулацијата:
„Се смета дека зад профилот на Шумахер се крие некој близок…“
Убаво, а зошто тогаш на почетокот се дезинформира јавноста дека „Шумахер се огласил“, кога тоа едноставно не е така. Секако, насловот треба да има одредена доза атрактивност, ама не по цена на квалитетот на веста која во овој случај е еродирана за сметка на сензационализмот и на трката по повеќе кликнувања од кои, пак, зависат рекламите.
А еве како дел од светските медиуми ја соопштија веста за активирањето профили на Шумахер на социјалните мрежи:
Официјален инстаграм профил отворен за Михаел Шумахер (Fox Sports)
Михаел Шумахер добива официјални профили на социјалните медиуми (Sport1. de)
Многу коректно и елегантно пренесување на информацијата без сензационализмот што ни го нуди домашниот текст. Лекција како треба и како не треба да се информира.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
во насловот
во насловот
не аплиактивно
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови